Чистење на моралот од пазарниот фундаментализам

26.04.2012 13:37
Чистење на моралот од пазарниот фундаментализам

Во средини како Македонија, грешките на интелектуалците претставуваат вистини за црквата и за народот под неа. Оваа констатација се легитимира со последниот несреќен колумнистички ангажман на професорот Венко Андоновски. Иако во последната колумна признава дека згрешил кога непознатите убијци на петтемина невини жртви однапред ги прогласил за атеисти, сепак, тоа е признание кое само професорот може да си го дозволи. Црквата и заслепените од неа маси, се чини, не! За нив е најприфатливо овој случај да биде „расчистен“ со елегантна стигматизација на противникот. Впрочем, и Сталин бил атеист, нели?

Впечаток е дека во постсоцијалистичките земји ветувањето за поубав живот се измолкна на „егзактноста“ на научно-социјалистичката утопија во овој свет и се пренасочи во ветувањето за вечно блаженство во оној свет. Се разбира, патот кој треба да се изоди за да се стигне до тој поубав живот е мошне различен од револуционерниот повик на „пролетеријатот“. Затоа, ќе ни речат дека денес своето морално поведение треба да го ускладиме согласно бога за да добиеме билет за рајот. Во спротивно, ќе гориме долу во пеколот, заедно со останатите морално непросветлени души, односно атеисти.

Според тоа, стигмата која се фрла кон секој кој не влегува во групата на догматската морална ортодоксност (покрај атеистите, верувам дека и агностиците спаѓаат во таа група) има јасна цел – воспоставување монопол над моралот. Тоа само значи обид за класична дискредитација на Другиот (се разбира, без најмал обид да се разбере неговата светогледна позиција), и тоа од најмизерен фашистички вид.

„Аха, значи овие (атеисти, агностици) не го наоѓаат моралот онаму каде тој ‘треба’ да се бара (читај: во божјото слово). Тоа може само да значи дека нив не смее да им се дозволи влез во сферата на нормалноста.“

Секоја фашистичка агенда за субординација на неистомислениците е редовно пропратена со јасно, идеолошки индоктринирано дефинирање на границите во кои „нормалното“ ќе се лоцира, а „ненормалното“ ќе се жигоса. Следствено, секое деклинирање од воспоставената норма е проследено со отфрлање, дискредитирање, маргинализирање, а во крајни инстанци и со санкционирање на истото. А кога црквата (поткрепена од лапсуз-интелектуалците) јавно прокламира дека атеистите не влегуваат во класата на нормалната морална ортодоксност, и нивниот морал, заедно со нив, станува неподобен.

А за тоа каков би можел да биде меѓучовечкиот, милосрден морал, исчистен од божјата јурисдикција, ќе посочам на едно предание кое, се чини, треба да им се мантра на сите т.н. верници: „За време на седмата Крстоносна војна, која ја предводел Св. Луј, Ив ле Бретон запишал дека еднаш сретнал некоја старица која одела по патот, носејќи во едната рака сад во кој горел оган, а во другата сад полн со вода. Кога ја прашал зошто ги носи двата сада, старицата му одговорила дека со огнот ќе го запали Рајот, сè додека не остане ништо од него, а со водата ќе го изгасне Пеколот: ‘Бидејќи сакам никој да не прави добрини за да го добие Рајот како награда или поради страв од Пеколот, туку исклучиво од љубов кон Бога.’“

Сè што останува да определиме е што значи нејасната синтагма „љубов кон бога“? Се чини, најубедливиот одговор на ова прашање го има дадено Лудвиг Фоербах, во своето влијателно дело, „Суштината на христијанството“. Тој таму вели: „Бог претставува идеал на човековиот вид, во форма на поединец [...], ослободен од сите граници кои постојат во свеста и во чувствата на човекот-поединец.“ Со други зборови, човекот, во религиозната претстава за себе, го идеализира и апсолутизира своето битие во форма на Идеја, а потоа од себе прави еманација на идеализираната слика. Според вака демистифицираната слика за бог, љубовта кон „него“ не може да претставува ништо друго (ни помалку, ни повеќе) освен љубов, емпатија и грижа кон Другиот покрај себе.

Да, кога врвната „осигурителна полиса“ на догматскиот верник (рајот) ќе биде запалена со огнот на добронамерната старица, сè што останува сме ние самите. Атеизмот, агностицизмот, па и недогматското христијанство го знаат тоа. Според тоа, единствено бришењето на концептот за морална супериорност на едните за сметка на другите (заедно со раскринкување на пазарниот концепт за реципрочна компензација во задгробниот живот) може да одговори на прашањето: Зошто да се прави добро, наместо лошо?

Па добро бе Вангел, или си

Па добро бе Вангел, или си или не си атеист. Испомеша агностици, зачини со Фоербах кој патем студирал теологија, ни објасни дека атеистите имаат љубов кон Бога но тој е демистифициран во нивните очи, мегутоа и покрај демистифицираноста некако ги тера атеистите да прават добро место лошо. Односно наместо да си купат поскупа кола, ке си купат помала кола а тоа што ке им остане ке го дадат на соседот свој.
Изгледа од многу читање ви се испомешале и на вас (само прогласени интелектуалци) лончињата исто како и на свештенството на МПЦ и додека не дојде шумарот ке си се бркате до бескрај. Ниту вие сте атеисти, ниту тие се свештени лица. Вие немате капацитет за нешто повеќе , а нив (бидејки некои од нив се поголеми атеисти од вас) нема кој да ги надгледува. Како и да е мислам дека конечно после сите глупости што ги напишавте за фашизмот , конечно дојдовте до правиот проблем на Македонија, кој според мене се наога некаде во триаголникот морал, профит и идентитет.

Магленче, искрено што си ти?

Магленче, искрено што си ти? Верник или атеист? Ама искрено.

Апсолутно небитно за

Апсолутно небитно за дискусијата.

како не е битно. Ако си

како не е битно. Ако си атеист тогаш си кандидат.

Se chini deka Oknashive se

Se chini deka Oknashive se isproglasija za ateisti samo za da odglumat nekakva smrtna navredenost od nedugaviot tekst na Venko Andonovski. Ko vo stripcheto so Kalvin i Hobs shto e staveno ko ilustracija -- Venko navreduva, vikaj odma advokat!

Na cel narod se nastrvija deka ne e dobro da se bide Makedonec, ama tamam rabota niv nekoj da im chepne u ateizam, pa makar i so izvinuvanje.

Od celiot tekst edinstveno drzhi deka "sekoja fashistichka agenda [...] normalnoto go locira, a nenormalnoto zhigosuva". Ochigledno e koj na Okno e zhigosan kako zabegan, lud, nenormalen. I sledstveno, chiva agenda e fashistichka.

А во Центарот за информации

А во Центарот за информации ќе ве зафати Новиот бран или визбата е на суво? LOL

Твојов коментар е само

Твојов коментар е само потврда на деградацијата на моралот до левел на чист профит.

Баш ме израдува што бил толку

Баш ме израдува што бил толку содржаен. Јас, типично атеистички, не гледав никакво значење, симболика или нешто слично.. Чисто се заебавав.
А сега се осеќам малку просветлен, помислувам и да се пријавам на општиот повик и да придонесам за подобро општество..
Или не? LOL LOL LOL

Па да бидам искрен и мене ме

Па да бидам искрен и мене ме изненади потегот на ВМРО со тоа што отворија отворен конкурс за државни функции. Мегутоа ме изненадува и тупоста и неинтелигентноста на опозицијата. Опозицијата би требало веднаш да побара отворени и јавни конкурси, со одчет за избраните, како критериумите по кои се избрани така и биографијата одкога ке бидат избрани. Колку што знам Груевски изјави дека членството во ВМРО не е предуслов за избор. Значи сите кои сакаат да придонесат за поубаво живеење со акција наместо само со зборови се добредојдени. Груевски ке мора да си стои на зборот по ова прашање затоа што секоја заебанција на ова поле значи и губење на изборите. И точно така Анонименски, прашање на морал е ангажирањето за подобра околина и услови на живеење. Некој го има, некој не. Во убавите држави за живеење мнозинството од луѓето го имаат и затоа живеат како што живеат.

Во убавите држави луѓето се

Во убавите држави луѓето се ангажираат кога и како што тие сакаат, а не кога и како што премиерот или некој друг ќе им каже. Тоа што вемерото не може да сфати е концептот на граѓанско општество и граѓанска иницијатива - односно дека нешто е можно без нив. Но е тоа е остатокот од претходниот систем, оној со партијата со големо П. Затоа мене не ме изненади „отворениот конкурс“ - на Вилсон му беше добро појаснето дека Партијата може и целосно да го замени своето членство, само за да остане на власт :)..

Малку е нејасно што сакаш да

Малку е нејасно што сакаш да кажеш. Ако го смени своето членство кој ке гласа за него?

Паа... Граѓаните, нели? Оние

Паа... Граѓаните, нели? Оние за кои толку запнува да работи, нели би го изгласале на избори? Или подобра варијанта е на сите да им подели книшки..

И? Сега веројатно јас треба да го напишам следново:

„Твојов коментар е само потврда на деградацијата на моралот до левел на чист профит.“

Ама не си ти крива(а), така сака Владетелот, така ќе сакаат и другите, само да им се даде власт..

Граѓаните ако имаат малку

Граѓаните ако имаат малку морални вредности нема да гласаат за човек кој е спремен да ги предаде сите за да остане на власт. Тука е големата разлика меѓу атеистите и теистите. Атеистички (законски) Груевски не прекршува никаков закон, и можете да го рачунате ваквиот потег за тактичка варијанта. Теистички пак, ги прекршува моралните норми на сите религии со таков чин. Нема верник кој ке гласа за Јуда.