Автошовинист

16.05.2012 12:40
Автошовинист

Да беше дошол пет-шест дена подоцна, тој ќе можеше да ги сретне најнеодоливите докази за бурниот напредок на нашата агонизирачка државичка кон смртта. Не во кабинетите на чипираните идиоти од злосторничкото здружение на власта, туку во животот на заедницата, во која, благодарение на антидарвинистичките проекции на неговите партнери, коњите почнаа да ја доминираат јавната сцена како и во секоја друга национална ергела: од неколку стотини етнички обоени антивладини демонстранти во времето на неговата претпоследна посета, успеавме да напреднеме до десетици илјади агресивни незадоволници кои, да сакаа, можеа да го закачат знамето на Алах или на Каран, сеедно, врз Штабквартирата од која се води фамозното напредување на републиката кон нешто што е неповратно бившо. Ако продолжиме да напредуваме со оваа темпо можеме да му овозможиме на господнинот Филе при следното доаѓање да не се двоуми да го донесе и датумот за преговори што ќе му го даде на губернаторот што ќе го устоличат нашите блуеници во експресниот воз на таканаречените реформи и опортунистичката волја на Унијата. На некој европски вицекрал, да речеме, ако имаме среќа.

Во прв момент и јас не го бев разбрал оптимизмот на комесарот за европско проширување. Откако пропаднаа сите обиди на Европската комисија и на сиот разбран свет да ја вразумат антиевропската политика на владата во Скопјанг (во политичка и во културноцивилизациска смисла што ја зрачат дејствувањето и однесувањето, а не декларациите и формалната нормативност), тие решија да ги стимулираат мајмунлаците кои со својот антиевропски и антиразумски профил ќе доведат до пад на дилерот чија политичката дрога предизвикува урнебесни чувства кај општеството што умира. Пропаѓањето на Македонија ја вознемирува Европа, но пропаста можеби има поголема смисла од бесмислата на бесконечните битки за спас. Тоа е тој резон.

Опортунизмот на европската политика кон Македонија се темели врз енормно повисокиот респект кон контролата на ситуацијата и кон реалната моќ отколку кон имплементацијата на европското правнокултурно и демократско наследство. Во тој систем на вредности демократијата не ја устоличува моќта туку моќта ја устоличува демократијата како параван зад кој власта го дупи народот како дете во христијански храм, во кој таа е тема и извор за бескрајно расправање, за манипулација, во кој таа се јавува како чувар пред банката што ја пљачкосуваат моќниците од узурпираната власт.

Европа не покажува дека има нешто против таквите практики. Во своите краткорочни проекции Брисел сака да ја избегне конфронтацијата со лудаците од Скопјанг односно да ја задржи контролата врз македонското пазелче во услови кога целиот мозаик на Обединета Европа почнува да пука, надевајќи се дека реалните процеси во Долината на спомениците ќе ја ослободат Македонија од антиевропската политика, а Европа од нови заебанции.

Откако не успеја да ја промени политиката на Груевски, Европа реши не да ја смени или да ја олабави својата опортунистичка проекција туку да и додаде нова доза на отровен цинизам кој вели: добро, драги пријатели, сакате да јадете гомна, супер, можеби, треба да додадете малку црн пипер или босилок и ѓумбир, но, општо земено, срањето ви е супер. Европа со внимание ќе го следи интензивниот напредок со кој ја празните септичката јама. Европа е унија на културни посебности така што ако некој наместо кавијар сака да јаде гомна, ние тоа ќе го почитуваме. Важно е да се напредува.

Луѓето од Брисел разбраа дека е бесмислено да ја арчат својата енергија, пари и време на тоа да преобратат една говњарска политичка култура во нешто чисто и уредено и затоа ми се чини дека, сепак, решиле да не остават да се оствариме скроз на скроз. Да го потрошиме нашето време во квизот на историјата, а не да ни ги потшепнуваат одговорите.

Кога стигнав на оваа место решив да се одморам со еден „Вестмале трипл“, најдоброто пиво на свет што би рекле жителите на Скопјанг во моментите на својата севернокорејска егзалтираност. И така, сурфајќи на тоа ајфонот, налетав, на кого друг, ако не на Жижек. Веднаш забележав знаци на извесен замор, поточно отсуство на свежина енергија и страст, така карактеристични за овој автор. Се плашам дека монструмот на стварноста ќе се покаже појак од моќта на неговата имагинација и добра волја. Но, сè уште е феноменален.

Поправките што ги нудат добронамерните критичари на неправедните системи ги зацврстуваат системите. Кога тоа што се нарекува македонска опозиција расправа за тоа дека буџетот е прегломазен, дека Скопје 2014 е еден криминален проект, дека полицијата е приватизирана, дека државата е приватизирана и така натаму и така наваму, таа се претставува како жаба која на змијата и објаснува некои работи за хигиената во барата. Не е проблемот во тоа што жабата ќе биде изедена, нормално, туку што змијата ќе се здебели ѝ ќе продолжи да го усерува заедничкиот екосистем. Јас и предлагам на жабата да се обиде да излезе од барата, да отиде кај некоја Циганка која со помош на некоја кристална топка ќе ја претвори во мунгос, во тигар или во човек со стап кој на крајот ќе дојде и ќе направи ред во барата. Опозицијата досега мислеше дека Црвенковски е таа фамозна Циганка, но времето покажа дека тој е само една малку поголема жаба.

Сите жаби во нашата мала бара не успеаја да разберат дека крекетот ги привлекува змиите и го стимулира нивниот антижабски апетит.

Не се точни проекциите дека вемерето ќе се претвори во движење. Вемерето веќе е движење. Вистинското прашање, кое никој не го поставува е: како можеше една злосторничка организација да успее да израсне во општоприфатено движење на ритуалното самоубиство на една нација, на целото општество и на државата.

Одговорот е во тоа што, според нашето скромно мислење, таа организација ја враќа масата во нејзината природна, ненационална форма во која државата не е остварна визија, туку е нестварна проекција. Таму кај што масата сака да биде додека не е. Аморфнитет на фолклорот. Пара бери киселец, Австралија, и комунистите клети, Гоце и Ченто што ги убија кодошите и такви некои тралалајки како погодно мезе за арчење на топло пиво пред селските гранапи и за кревање на џидипито. Потсвеста на нацијата разбира дека очекувањата над тоа ниво се како очекувањата на оние што се надеваат дека Вели Мумин може да го нокаутира Виталиј Кличко. Тоа се вика тенденција на скромноста кон самата себе. Македонецот можеш да го убиеш со дозиран ќотек полесно отколку со селски тупаници.

На тоа треба да се додадат и други важни елементи. Карактерот, менталитетот, културата, историјата на една крајно проблематична народносна групација која во некаков историски пресек решила не да ги надминува и совладува своите проблематичности туку да ги камуфлира низ театрална битка за големото ништо на историјата со помош на единствената организација на вемерето.

До антифашистичката револуција Македонците се обидуваа да се реализираат со помош на својата негација. Борбата имаше за цел целта ја држи на недостижна дистанца. Независно од жртвите. Реализацијата што е остварена во епот на антифашизмот и комунизмот е неподнослив кошмар за тој идеен свет.

Тоа што денеска се вика опозиција е пувеж што доаѓа од нешто што е мртво. Дваесет и еден грам на смрдливата душа што го напуштила телото на умрениот. Подобро е да се усереш отколку да потпрднуваш, рекол на времето генијалниот сплиќанец, Бебиќ. Не можеш да ја компромитираш својата желба (Лакан) и да ја спасуваш нацијата. Така што адио, другари, што друго да ви кажам. Во Свети Николе би рекле: еби те си мајката. И барата и опозицијата. За власта да не правам муабет.

Се плашам дека станувам автошовинист. Колку треба да се силни тие што од една маленкост која беше решила кариерата и животот да ѝ ги посвети на Македонија, можат да произведат човек кој не ја поднесува сопствената мака затоа што ознаката и почнува на буквата "м". Јазикот ми се изобличува, човеку, и не ми дозволува да кажам: мамицу ви ебам!

Извор: globusmagazin.com.mk

Колажи: Свирачиња

Priceless.

Priceless.

Oh it has a price...

Oh it has a price...

(„Добивам по 1000 евра месечно од фондот на Сорос за да го правам Окно“ - Никола Гелевски)

Црни Груица за адвертајзинг и

Црни Груица за адвертајзинг и ПР потроши неколку стотици милиони евра изминативе шест години - и пак не направи саглам медиум.
А Окно се прави за 1000 евра месечно, во просек, тоа е точно. И парите не се од македонски даноци, туку странски.
И таа информација овде е изложена најмалку десет пати до сега.
За разлика од милијардите евра за кои Црни Груица, господарот на Македонија, никому не поднесува сметка. А би требало да им поднесува барем на оние од кои ги зема парите, граѓаните на РМ.
Така што, Иван, земи фати се за попаметна работа. Проучувај ги тендерите на владата, на пример, и обиди се да му помогнеш на македонскиот граѓанин да разбере во кои црни дупки завршија 15 милијарди евра изминативе шест години.

"Okno" for 1000 euros per

"Okno" for 1000 euros per month.

The joy of reading Trickovski on "Okno."
PRICELESS!!!

Довршете ја реченицата на

Довршете ја реченицата на Бранко Тричковски:

До пладне го мразам цел свет, а попладне...

samiot sebesi.....

samiot sebesi.....

Заклучок: власта и

Заклучок: власта и опозицијата се договориле да го е.ат народот , а Европа ку. ја боли.

ОкоБоли главаВицФото