Критична маса - Скопје на точак #1

25.05.2012 11:35
Критична маса - Скопје на точак #1

Драги точакољупци, време е Скопје да го добие својот прв настан од ваков калибар - критична маса. Резервирајте го 30 мај 2012 во вашите планери.

Не планирајте кафана после работа. Не планирајте ни да заглавувате на работа. Не ја планирајте ни вашата попладневна дремка на тој ден. Наместо тоа подмачкајте го вашиот точак и дојдете на дружба на каква што не сте биле до сега.

Собирно место: паркинг пред Зоолошка градина, 17:30 Патека: Зоолошка -> Рузвелтова -> Буњаковец -> Рекорд -> Црвен Крст -> Мавровка -> Влада -> Совет на Град Скопје (Парк)

Повик:

До сите кои возат точак и сакаат Скопје да стане пријателски град за велосипедисти.

Дојдете да го славиме заедно возењето со педали и човечка сила.

Да покажеме дека постоиме и да раснеме!

Велосипедот треба да си го добие заслуженото место на улиците! Мало упатство за учесниците може да најдете тука.

Социјални мрежи/контакт:

twitter: www.twitter.com/NaTochak

хаштаг: #NaTochak

facebook: www.facebook.com/NaTochak

e-mail: natochak@gmail.com

 

Извор: natochak.blogspot.com

Like

Like