Влегувајќи во Југосферата

25.08.2009 13:03
YuMapFlag___.jpg

Речиси 20 години откако политичките врски беа прекинати од војните, секојдневните поврзувања меѓу компаниите, професиите и индивидуалците тивко се обновуваат.

На неодамнешниот самит на Движењето на неврзаните, претседателот на Србија, Борис Тадиќ, забележа дека компаниите од поранешна Југославија треба да ги здружат силите за да учествуваат на градежни проекти или специјални договори за воена опрема. Реакцијата на неговиот хрватски колега, Стипе Месиќ, беше позитивна. „Компаниите од ’нашите земји’“, рече тој, „се многу мали за самите да бидат конкурентни на странските пазари.“

На лице место, овие коментари беа очигледни и небитни. Навистина, фирмите се мали за глобални стандарди. Па сепак, употребата на изразот „нашите земји“ од лидерот на една од бившите Ју-држави, кој се однесуваше на сите земји од групата, како во непријателски, така и пријателски односи, укажува на голема промена. Од Словенија до македонската граница со Грција, повеќето луѓе од регионот сè уште имаат многу заедничко, иако не разговараат често за тоа. Секој ден врските меѓу нив, кои се обликуваа во 90-тите, тивко се обновуваат. Југославија е одамна исчезната - но на нејзиното место се раѓа Југосферата.

Оваа голема промена во секојдневниот живот на Западен Балкан се случува без некоја помпа. Малкумина дури и ја забележуваат. Оние во сферата ја сфаќаат сериозно. Оние надвор од неа немаат поим за нејзиното раѓање. Можеби тоа не треба да изненадува. Добрите вести не се вести: за подготовките за средбата на која треба да се основа југоисточен Европски противпожарен центар, дел од Регионалниот Совет за соработка, не се споменува ниту во Сараево (каде се одржа), а не, пак, на некое друго место.

Сепак, фактот дека војниците кои неодамна се бореа едни против други сега ќе тренираат заедно, или дека пожарникарите соработуваат на рутинска основа, или сите, од ветераните до банкарите се среќаваат најнормално, претставува добра вест. Регионалниот Совет за соработка во Сараево трпеливо се одвиваше низ масата здодевна и неопходна работа. Тоа е процес, а не настан.

Југосферата своите корења ги има во заедничкото искуство, во трговијата и бизнисот. Повеќето поранешни Југословени - Босанците, Србите, Црногорците и Хрватите - го зборуваат истиот јазик со мали разлики. Многу Македонци и Словенци сè уште го зборуваат или разбираат јазикот што порано се нарекуваше српскохрватски. Во целиот регион луѓето можат да патуваат слободно.

Тие ја сакаат истата музика и истата храна. Се разбира, постојат политички, верски и етнички разлики. Но секое лето илјадници луѓе се собираат на музичкиот фестивал Егзит во Нови Сад, Србија, и ѕвездите од регионот немаат никаков проблем со публиката кога свират на сцена. На нервоза на хрватските музички продуценти, ѕвонењата на мобилните телефони на многу млади Хрвати ги репродуцираат последните српски песни кои се тренд. Пан-балканското мислење покажува голема сличност: луѓето имаат слични стравови, грижи и надежи. Истражувањето на Галуп, на пример, спроведено во јуни, покажува опаѓање на бројот на оние кои сакаат да заминат од земјите од Западен Балкан.

Речиси една третина од трговијата на Црна Гора се одвива со Србија. Босна е српскиот најголем извозен пазар, а Хрватска е вториот по големина. Србија е најголемиот трговски партнер на Македонија. Во малите економии, експанзијата обично значи поголема соработка и бизнис со соседите. Делта од Србија, Меркатор од Словенија и Конзум од Хрватска имаат супермаркети и отвораат нови во секоја од нив. Како многу компании од поранешна Југославија, тие кон регионот се однесуваат како кон една целина. Српскиот дневен весник Политика има едно издание за домашниот пазар и едно поинакво за екс ју-државите. А еден типичен наслов од ударните страници деновиве објави „освојување“ на Хрватска, но не со вооружени сили туку со Ципирипи, српски чоколаден бренд.

Некои луѓе отсекогаш знаеја дека ќе биде вака. За време на најмрачните денови на југословенските војни, криминалците тргуваа со сè, од оружје до цигари, преку линиите на фронтот. Она што е познато како „турбофолк“ музика е популарно насекаде, дури и кога често музиката има националистички конотации. Најголемата грижа на Србија денес не е тоа што да се прави со бегалците или територијата туку неформалните бариери кои, како што велат тие, им овозможуваат полесно на хрватските компании да работат во Србија отколку српските во Хрватска.

Хрватите се скаменуваат кога ќе им ја споменете Југосферата. Ама не зашто не ја сакаат. Тие само не го сакаат нејзиното име, бидејќи ги потсетува на државата од која се отцепија. Но на никој друг не му пречи тоа. Дури и Албанците од поранешна Југославија, кои претежно живеат во Косово и Македонија (и кои се необични во многу погледи), не се исклучок од влијанието на Југосферата. Еден рекламен агент од Албанија вели дека тој никогаш не успеал успешно да го рекламира италијанското млеко во Косово бидејќи за Косоварите словенечкото млеко претставувало златниот стандард.

Во секојдневниот живот, се разбира, многу луѓе живеат посреќно отколку во некоја друга сфера. Косоварите гледаат албански телевизии, но тие влегуваат во Југосферата кога тргуваат со Србија или одат на летување во Црна Гора. Босанците од сите ентитети ги јадат истите јадења и ги соработуваат во многу области. Но фудбалот ги истакнува нивните разлики, како и во многу други земји. Босанските Срби навиваат за националниот тим на Србија, босанските Хрвати за Хрватска, а само Босанците (муслимани) го поддржуваат тимот на Босна.

Трикот се состои во тоа наредните неколку години да се консолидира она што им е заедничко на луѓето, нивните влади да се фокусираат на тоа, и да се обидат да ги зближат политиките и бизнисот на регионот преку Југосферата и остатокот од Европа. Европската унија беше основана врз зацементираниот мир на континентот и во Југосферата таа работа сè уште не е довршена.

Извор: The Economist

ОкоБоли главаВицФото