Ламили - барбика со реалистично тело

06.03.2014 14:50
Ламили - барбика со реалистично тело

Куклата со име Ламили (Lammily) поседува пропорции на просечна 19-годишна девојка од Америка. Дали Мател, творецот на оригиналната Барбика, би требало да се чувствува загрозено поради појавувањето на оваа „реалистична“ кукла?

Во последните педесет години културното влијание кое Барбиката го имаше е пренагласено, исто како и нејзините пропорции.

Во текот на 1990-тите години не постоеше девојче на светот кое не сакаше да има своја Барбика, за да може со часови да смислува комбинации на облеката за оваа кукла со нереалистични димензии.

Меѓутоа, токму димензиите на Барбиката натераа многумина да се преиспитаат во врска со тоа дали е добро малите девојчиња пред себе да имаат нереален идеал за убавина. Од друга страна, Ламили поседува значително пореалистични пропорции и на девојчињата би требало да им даде слика за тоа како навистина изгледа телото на една тинејџерка.

Николас Лам, уметник од Питсбург, ја дизајнираше оваа „нормална Барика“ со цел таа да го отслика нормалниот изглед на телото, а не неговата идеализирана верзија. Тој ги користел просечните пропорции на 19-годишните девојки, врз основа на податоците од Центарот за контрола и превенција на болести.

Резултатот од неговата работа за многу кратко време стана вистински хит на интернет.

Лам исто така стартуваше и веб страница преку која се обидува да собере средства за масовно производство на овие кукли кои поседуваат нормален изглед, умерена количина на шминка и зглобови кои се виткаат.

Истражувачите од Универзитетската Централна болница во Хелсинки открија дека доколу пропорциите на Барбиката би биле реалистични, таа во стварноста не би имала доволно телесни масти потребни за добивање менструација, а постојат и одредени кои укажуваат дека оваа кукла може негативно да влијае на самодовербата на девојчињата и задоволството од сопственото тело.

Извор: mashable.com

ОкоБоли главаВицФото