Придружете се на студентскиот протест

09.12.2014 03:14
Придружете се на студентскиот протест

Ги повикувам сите оние кои ги посетуваа школите за човекови права кои ги водевме јас и професорката Виолета Петроска Бешка, да ни се придружат на студентскиот протест кој ќе започне на 10.12.2014 во 12.00 часот на централниот простор на Универзитетот „Кирил и Методиј“.

Ги повикувам и сите оние кои биле барем на еден семинар кој сум го водела и на кој сме зборувале за правата и слободите на човекот.

Ги повикувам и сите оние кои соработувале со мене на проекти поврзани со заштитата на правата и слободите на човекот.

Ги повикувам како професор, како експерт за човекови права, како граѓански активист и како многу незадоволен граѓанин.

Затоа што тоа е ден на човековите права, а за правата се работи.

Затоа што тоа е начинот на изразување на незадоволство кој го промовиравме на школите за човекови права.

Затоа што солидарноста е вредност која е тесно поврзана со концептот за човековите права.

Затоа што молчењето е спротивно на базичниот вредносен систем на демократијата.

Се гледаме.

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Франческо Бонџорни

ОкоБоли главаВицФото