1016 hPa
78 %
20 °C
Скопје - Чет, 09.05.2024 10:28
Серијата фотографии на либанскиот фотограф Серж Нажар насловена "Архитектурата на светлината" го истражува природното осветлување на објектите во околината на неговиот роден град Бејрут. Kонтрастните црно-бели фотографии на Нажар се фокусираат на геометриските форми, линии и модели на бетонските стрруктури низ градот.
Играјќи си со негативниот простор и тензијата меѓу сончевата светлина и сенката, композициите на Нажар ја одразуваат неговата уметничка филозофија која се однесува на тоа дека „не станува збор за она што го гледаме, туку начинот на кој го гледаме.“
Извор: www.ignant.de