Трикратните конвертити го повторуваат злосторството

01.04.2017 10:19
Трикратните конвертити го повторуваат злосторството

Еден пост на докторот Борозанов ме потсети на пресвртите во партиските кариери на Љубиша Георгиевски и Саво Климовски. И едниот и другиот имаат барем по три книшки. Од СКМ (беше и член на Идеолошката комисија на СКМ во осумдесеттите години на минатиот век), Љубиша премина во МААК, па заврши во ВМРО-ДПМНЕ како претседателски кандидат кој се „прослави“ со најавата дека ќе бил педикир на албанските нокти. А Саво почна во СКМ, потоа беше во раководството на Партијата на Југословените, па заврши (дали?) во Демократска алтернатива и така дотурка до претседател на Собранието на РМ, во кое сега „легалистот“ Саво (со книшка или без неа) би сакал да се всели со тупаниците на „тврдокорните“. Како „прероден“ Македонец. Пустата желба за власт, пари и удобности разголи многу сурати кои бесрамно ја сакаат татковината само кога можат да дрпнат нешто од неа!

Си спомнувате на владеењето на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, Демократска алтернатива и Демократската партија на Албанците (Георгиевски-Тупурковски-Џафери)? Си спомнувате на милијардата долари која требаше да ја добиеме за признавањето на Тајван? Си спомнувате како народот падна во екстаза есапејќи дека секој од двата милиона граѓани ќе добие по 500 долари од ветената милијарда? Есапот се изјалови. Граѓаните останаа без стотките, но клиентелата на трите партии се опари со по неколку стотици илјади! Во Советот за безбедност, навредената Кина стави вето на продолжувањето на мандатот на УНПРЕДЕП кој ја обезбедуваше северозападната граница на Македонија. Скандинавските и американските војници беа повлечени. И „волците“ беа повлечени од граничниот појас. ВМРО-ДПМНЕ и ДПА си ги делеа профитите од шверцот во т.н. Балкански златен триаголник (оружје, дрога, цигари, луѓе) во пропорција 2:1. Кога се случи инфилтрацијата на остатоци од УЧК, СДСМ не беше на власт, туку во опозиција.

Следеше вооружениот судир од 2001 година кој Македонија го плати скапо.

Многу прашања останаа без одговор. Одговорните за тоа останаа неказнети. Вклучително и Никола Груевски, кој беше министер во владата која ја клекна Македонија.

Зошто потсетувам на сето ова? Зашто едно од прашањата кое ме мачи и кое и денес бара одговор, гласи: Зошто толку многу Македонци страдаат од краткото паметење? Односно, зошто им се поклонуваат на непријателите, а ги колнат и пцујат пријателите и сојузниците? И, најпосле, зошто не ги навредува приземната демагогија со која ги манипулираат сурати на кои тоа не им е прв пат?

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња