Либерален тоталитаризам

03.05.2018 21:36
Либерален тоталитаризам

ЛИСАБОН - Порано беше аксиома на либерализмот дека слободата e неотуѓиво себе-поседување. Вие бевте свој сопствен посед. Можевте да се изнајмите на работодавачот за ограничен период и за заеднички договорена цена, но вашите сопственички права врз себе не можеа да се купат или продадат. Во текот на изминатите два века оваа либерална индивидуалистичка перспектива го легитимираше капитализмот како „природен“ систем сочинет од слободни чинители.


Капацитетот да се огради дел од сопствениот живот и да остане суверен и самопоттикнат во рамките на тие граници, беше најзначаен за либералната концепција на слободниот агент/чинител и неговиот или нејзиниот однос со јавната сфера. За да се оствари/практикува слободата, на поединците им било потребно засолниште во кое ќе можат да се развиваат како вистински автентични личности пред да се поврзат - и да вршат трансакции - со другите. Откако еднаш ќе се конституира, нашата личност/себство требаше да се зајакне со трговија и индустрија - мрежи на соработка преку нашите лични засолништа, конструирани и ревидирани 
за да ги задоволат нашите материјални и духовни потреби.


Но, линијата на разграничување меѓу личноста/себството и надворешниот свет врз кои либералниот индивидуализам ги заснова своите концепти на автономија, себе-поседување и, во крајна линија, слободата, не можеше да се одржи. Првото нарушување се појави откако индустриските производи станаа passé и беа заменети со брендови кои го заробија вниманието на јавноста, нивниот восхит и желби. Набрзо потоа, брендирањето направи радикален нов пресврт, пренесувајќи ja „личностa“ на предмети.


Откако брендовите стекна статус на персоналитет (во огромна мера поттикнувајќи ја лојалноста на потрошувачите и соодветно на тоа профитот), поединците се почувствуваа принудени да се преобмислат себеси како брендови. И денес, кога колегите, работодавачите, клиентите, конкурентите и „пријателите“ континуирано го прегледуваат нашиот онлајн живот, ние сме под постојан притисок да се развиваме во куп од активности, слики и диспозиции, што сочинува атрактивен бренд, кој може да се продаде. Личниот простор што е од суштинско значење за автономниот развој на едно автентично Јас/себство - состојбата што го прави неотуѓивото само-поседување можно - сега скоро и да го нема. Хабитатот на либерализмот е во исчезнување.


Јасната демаркација на приватните и јавните сфери на тој хабитат, исто така, го одвои слободното време од работата. Не треба да се биде радикален критичар на капитализмот за да се види дека правото на време кога човек не е за продажба, 
исто така, е  исчезнато.

Земете ги предвид младите луѓе кои се вклучуваат во светот денес. Во најголем дел, оние без грантовски фонд или значителен незаработен приход, завршуваат во една од двете категории. Многумина се осудени да работат под договори без работни часови и плати толку ниски што тие мора да ги одработат сите расположиви часови за да врзат крај со крај, со што секое споменување на лично време, простор или слобода, станува навредливо.


На останатите им е кажано дека, за да не паднат во овој душеваднички „прекаријат“, тие мора да инвестираат во сопствениот бренд секојдневно, секој момент. Како во Паноптикон, тие не можат да се скријат од вниманието на оние кои би можеле да им дадат шанса (или што знаат други кои би можеле). Пред да објават некој твит, или да гледаат некој филм, да споделат било која фотографија или порака, мора да останат свесни за мрежите што сакаат да ги задоволат или оние од кои сакаат да се отуѓат.

Кога имаат доволно среќа да добијат интервју за работа и да ја напуштат работата, оној што интервјуира веднаш алудира на нивната потрошност. Им се вели „Сакаме да бидете доследени на себеси, да ги следите своите страсти, дури и ако тоа значи дека мораме да ве отпуштиме!“. Затоа, тие ги удвојуваат нивните напори да ги откријат „страстите“ што би можеле да бидат ценети од идните работодавачи и да го лоцираат тоа мистично „вистинско“ себство што луѓето на моќни позиции им кажуваат дека се наоѓа некаде во нив.

Нивната потрага не познава граници и не ги почитува границите. Џон Мејнард Кејнс еднаш славно го искористил примерот на натпреварот во убавина за да ја објасни неможноста некогаш да се спознае „вистинската“ вредност на акциите. Учесниците на берзата не се заинтересирани да проценат кој е најубавата кандидатка. Наместо тоа, нивниот избор се заснова на предвидување за кого просечното мислење верува дека е најубава и што просечното мислење мисли дека е просечно мислење - на тој начин ссведувајќи се на мачки што ја бркаат својата опашка.

Натпреварот во убавина на Кејнс фрла светлина врз трагедијата на многу млади луѓе денес. Тие се трудат да разберат кое просечно мислење кај креаторите на јавното мислење е најпривлечно од нивните сопствени потенцијални „вистински“ себства, а истовремено се борат да го изградат тоа „вистинско“ себство, онлајн и офлајн, на работа и дома - всушност, насекаде и секогаш. Се појавија цели индустрии на советници и тренери, како и различни екосистеми на супстанции и самопомош, за да ги водат низ таа потрага.


Иронијата е во тоа што либералниот индивидуализам се чини дека е поразен од тоталитаризам кој не е ниту фашистички, ниту комунистички, туку произлегува од неговиот сопствен успех во легитимирањето на инвазијата на брендирањето и комодификацијата во нашиот личен простор. За да се порази, и со тоа да се спаси либералната идеја за слобода како себе-поседување, можеби ќе биде потребна комплетна реконфигурација на правата на сопственост над сè повеќе дигитализираните инструменти за производство, дистрибуција, соработка и комуникација.

Зарем не би бил фантастичен парадокс кога ние, 200 години по раѓањето на Карл Маркс, би одлучиле дека за да го спасиме либерализмот, мораме да се вратиме на идејата дека слободата бара крај на неограничената комодификација и поопштествување на сопственичките права над капиталните добра?

Јанис Варуфакис, поранешниот министер за финансии на Грција, е професор по економија на Универзитетот во Атина.

Извор: Project Syndicate

 

Слични содржини

Општество / Свет / Став / Теорија
Општество / Свет / Теорија
Општество / Свет / Теорија
Општество / Свет / Теорија
Општество / Свет / Теорија
Општество / Свет / Теорија

ОкоБоли главаВицФото