Студентите премногу му веруваат на Гугл

13.10.2010 10:36
Студентите премногу му веруваат на Гугл

Дека Гугл може да се покаже како катастрофално средство за истражувачката работа покажува и истражувањето кое е објавено во едно меѓународно списание за комуникација. Студентите премногу им веруваат на страниците кои се појавуваат на првото место при пребарувањето...

Тоа што некоја интернет страница ќе се најде меѓу првите резултати при пребарувањето не значи дека може да и’ се верува на истата. Меѓутоа, ќе биде потребно уште многу време овој податок да се одомаќини во свеста на студентите, бидејќи истражувањата покажаа дека поголемиот дел од нив при решавање на одреден проблем и барање информации автоматски кликаат на првите резултати од пребарувачите, пред сè, кај Google.

Истражувањето е спроведено на еден универзитет во Чикаго. Учесниците требале да најдат информации за решавање на зададениот проблем, а сите нивни реакции се снимале со видео камери. Дури 25% од нив изјавиле дека кликнале на најдобро рангираните страници по пребарувањето бидејќи верувале дека тие содржат најверодостојни информации. Очигледно е дека Гугл и неколку други пребарувачи имаат кредибилитет кај корисниците. Или, пак, едноставно луѓето не се свесни дека положбата на страницата што ќе се појави при пребарувањето не мора да има некаква врска со квалитетот на понудените информации.

И не е само тоа. Само 10% од учесниците во истражувањето ја провериле веродостојноста на авторот и изворот од кои ги презеле податоците. За жал, од тие причини на интернетот ќе му треба уште многу време пред да се ослободи од аурата на инфериорен извор на знаењето.

ОкоБоли главаВицФото