Светот на податоците

19.10.2010 14:11
Светот на податоците

21-от век внесе промени во нашите животи. Поголемиот дел од времето го поминуваме на интернет, и речиси сè што правиме и создаваме е сведено на одредени количини информации кои безжично или преку каблите се праќаат низ светот со брзината на светлината.

Колку податоци генерираме? Краток преглед низ бројки на масовните количини информации кои човечките суштества ги создаваат секој ден.

1. Бројот на е-пошта која се испраќа секоја секунда изнесува 2,9 милиони.

2. Просечната количина податоци кои ги консумира секое домаќинство секојдневно изнесува 375 мегабајти.

3. Големината на видео материјалите кои се закачуваат на ЈуТјуб секоја минута во просек изнесува 20 часа.

4. 24 петабајти информации секојдневно обработува Гугл.

5. Во просек, секојдневно се испраќаат по 50 милиони твитови.

6. Секој месец човештвото троши по 700 милијарди минути на Фејсбук.

7. Секојдневно корисниците на мобилни телефони испраќаат и примаат 1,3 ексабајти податоци.

8. Секоја секунда преку Amazon.com се нарачуваат по 72,9 производи.

ОкоБоли главаВицФото