Тешко решлив проблем

24.11.2010 11:34
Тешко решлив проблем

...Секој пат кога ќе експлодира некој скандал, повалкан и поневеројатен од претходниот, си помислуваш дека не е можно тој уште еднаш да се извади.
И пак, тој е таму, сè уште на власт. По сите овие години, тоа речиси е неверојатно...


...Според зборовите на опозициските лидери, „проблемот веќе не е политички или судски, туку е психијатриски“...

 


...Најочигледниот одговор, едновремено и најуверливиот, е едноставниот факт дека тој и неговата фамилија контролираат... Ваквата концентрација на медиумска моќ во неговите раце, значи дека секоја политичка борба со него излгеда како натпревар меѓу нуклеарна сила и дете со шило. Секогаш кога некој ќе се обиде да го критикува веднаш се пуштаат „кучињата“ и се прави кампања за оцрнување на противникот...

 


... И покрај сите мани, тој е борец, одлучен, истраен и никогаш не се предава... Секој напад тој веднаш го дочекува со контранапад. Тој никогаш, ама никогаш нема да се откаже.

 

 


... Во најголеми дел од земјите вообичаен механизам за отстранување на таквиот тип лидери е да се повикаш на националниот интерес. На тој начин му даваш на политичарот можност достоинствено да се повлече, а истовремено да остави впечаток дека прави некаква огромна жртва во интерес на неговата сакана држава. Но, и покрај тоа што тој верува дека е некој вид спасител, тој не е тип на спасител кој верува во саможртвување. А не верува ниту во националниот интерес. Речиси ништо што се случило за време на неговото владеење не може да остави впечаток дека тој има некакво чувство за интересот на државата... Тој помина години во подредување на интересот на земјата на својот личен интерес...


...И покрај сè голем број од неговите фанатични обожаватели сега признаваат дека човекот преставува опасност. Секогаш кога тој ќе се појави на светската сцена, луѓето само чекаат тој да се понижи себе си и својата земја...


ТЕКСТОВ НЕ Е ЗА ОНОЈ НА КОГО СИ ПОМИСЛИВТЕ...

 

Текстот е за Берлускони

 извор: Guardian

Хм...си помислив на

Хм...си помислив на СЕКОЈ владетел во историјата на човештвото (владетел на племе, монарх, премиер, претседател, сеедно!). На Лорд Актон зборовите се едноставни за сфаќање, немора да се поседува голема мудрост. "Моќта корумпира, апсолутната моќ корумпира апсолутно". Поентата е да се ограничи оваа моќ на Државата. Не е битно кој ќе седне на тронот. Се додека постои можност Владетелот да користи моќ...порано или подоцна ќе ја искорсти. И тогаш ќе кукаат сите и ќе се прават борци за слобода!
 

ОкоБоли главаВицФото