Бројките зад Кина

13.12.2010 13:07
Кина низ бројки

Денешна Кина е создадена по Втората светска војна: националистите и комунистите од оваа земја беа во сојуз против силите на Јапонците во војната. Потоа избувна граѓанска војна која заврши со победа на комунистите, чија што партија на 1-ви октомври 1949 г. го воведе режимот кој трае до ден денес.

1. Во моментов Кина е најнаселената земја во светот со 1 милијарда 338 милиони 612 илјади и 968 жители (со бројки: 1 338 612 968). По Кина следува Индија со население од 1 156 897 766 жители. САД се на третото место со 307 212 123 жители.

2. Кина е една од најиндустријализираните земји во светот, со работна сила од 779,9 милиони луѓе. Во 2009 г. тие произведоа 67,7 милиони телевизори, 59,3 милиони фрижидери, 22,3 трилиони цигари, 619,2 милиони мобилни телефони, 13,2 милијарди тони шеќер и 13,8 милиони возила.

3. Годишно Кина извезува разновидни стоки,од кои најмногу чевли во вредност од 28 милијарди долари, телефони (39,6 милијарди дол.) и облека (107,1 милијарди дол.).

4. САД се вториот најголем увозник на кинеските производи, плаќајќи годишно стоки во вредност од 220 милијарди долари. Европската унија, како најголем увозник, годишно увезува стоки вредни 236 милијарди долари.

5. Над 300 милиони лица во Кина се земјоделци.

6. 26% од оризот во светот доаѓа од Кина (околу 193 милијарди тони).

7. Околу 300 милиони желки секоја година се продаваат во Кина како храна.

8. Кинеската армија е најголемата во светот со околу 3,4 милиони активни војници и уште 1,2 милиони во резерва.

9. Кинескиот нуклеарен арсенал се проценува на околу 100 до 400 боеви глави со нуклеарно полнење.

10. Секоја година Кина егзекутира повеќе криминалци од остатокот на светот заедно. Се проценува дека околу 5000 биле егзекутирани во 2009 г. Кинеските медиумски извештаи велат дека секоја десетта егзекуција се извршува за ненасилни престапи.

11. 78% од егзекуциите во светот во 2008 г. се извршени во Кина.

12. Бројот на членови на кинеската мафија наречена Тријада се проценува на 250 000. Се проценува дека италијанската мафија Коза Ностра брои околу 4000 лица, јапонската Јакуза околу 86 000, а руската мафија меѓу 100 000 и 500 000.

Извор: wizworld.com

ОкоБоли главаВицФото