Исчезнува традиционалниот начин на пишување

25.06.2012 14:02
Исчезнува традиционалниот начин на пишување

Kомпјутерите и мобилните телефони ги истиснаa пенкалата и хартијата од употреба до таа мера што во просек поминуваат 41 ден додека некоја возрасна личност запише нешто со пенкало!

Резултатите од спроведените истражувања покажуваат дека деновите на користење на пенкалото и хартијата се одбројани, бидејќи една возрасна личност на тој начин не запишува ништо во текот на шест недели.

Во светот на мобилните телефони и сметачи, традиционалниот начин на пишување постепено исчезнува.

Истражувањето го спроведе интернет страницата Dailymail, а резултатите покажаа дека во просек минуваат 41 ден додека луѓето не запишат нешто со пенкало.

Секоја трета возрасна личност не пишувала на овој начин повеќе од шест месеци. Две третини од испитаниците тврдат дека она што го пишуваат рачно е краткотрајно и најчесто им служи како потсетник за тоа што треба да го завршат.

Испитаниците исто така изјавиле дека се срамат од својот ракопис и правопис, и признаваат дека сè почесто прават граматички грешки.

Извор: b92

ОкоБоли главаВицФото