Старите парталчиња станаа најнова мода

24.12.2020 14:05
Старите парталчиња станаа најнова мода

Списанието „Display Copy“ кое во октомври се појави онлајн и во трафиките, навидум изгледа како обично модно списание. На насловната страница се наоѓа позната личност, Палома Елсесер, плус сајз манекенка. Тука се и сјајните фотографии на славните фотографи, а на сликите со моделите стојат потписите на познатите светски модни марки: „Хелмут Ланг“, „Баленсиага“...

Но кога ќе се загледате во делот од текстот кој кажува во кои продавници и бутици можат се купат овие модни парчиња, списокот станува многу чуден: Армија на спасот, Ebay, Etsy. Сè што се наоѓа на илустрациите во списанието „Display Copy“ е винтиџ. Претходно носено, штедливо, на препродажба.

„Идејата ни беше носената облека да ја направиме атрактивна, затоа што искрено не верувам дека нешто што е ново е навистина одржливо. Сите ми кажаа дека нема да успеам да најдам реклами и дека на никој нема да му биде грижа за ова што го промовираме“, вели Брин Хемингвеј, главната уредничка на списанието кое два пати годишно на своите читатели, онлајн, им нуди на своите читатели одговор каде да го пронајдат секое парталче што го претстауваат.

Се покажало дека тајмингот на излегувањето на ова списание е одличен. По многу години во кои се пишувaше само за она што е ново, поново и најново (иако сите од модната сцена ги обиколуваа бувјак пазарите во потрага по инспирација), модните брендовиконечно јавно почнаа да обрнуваат внимание на она што е старо.

Ова е можеби најголемата и најконкретна промена во модата што ја донесе пандемијата. Една недела пред да се појави списанието „Display Copy“, познатата италијанска модна марка „Miu Miu“ ја претстави „Upcucled by Miu Miu“, ограничена колекција на винтиџ фустани од периодот на четириесеттите до седумдесеттите години на минатиот век. А неколку дена претходно, марката „Levi’s“ ја лансираше „Levi’s SecondHand“, програмата „старо за ново“, која им овозможува на купувачите да ги продадат своите стари фармерки или тексас јакни за да може да биде поправен, преправен или препродаден (или рециклиран).

Сите овие марки се движат по веќе разгазената патека на марката на дизајнерот Maison Margiela, кој, уште во февруари, ја стави реставрацијата во средиштето на својот креативен процес, кога беше претставена линијата „Recicla“ (Рециклажа на италијански јазик). А пионер во овааа сфера беше програмата „Worn Wear“ која ја претстави модната марка „Патагониа“.

Во октомври, годинава, мега модната марка „Гучи“ потпиша договор со „RealReal“, интернет страница за препродажба наносени парчиња од гардеробата на „Гучи“. Претходно, нешто слично направија и британские дизајнерски марки на Стела Макартни и „Барбери“.

Порано сите мислеа дека е неопходно на луѓето постојано да им се нуди константен доток на свежи производи и така да се влијае врз нивните сетила. Во спротивно, се сметаше, дека ќе го изгубите и нивното внимание и – содржината на нивните паричници.

Но што заправо се промени? Прво, на почетокот на пандемијата многу фабрики престанаа со работа, па дизајнерите беа принудени да се свртат кон материјалите што им преостанале од преходните колекции кога правеле нови производи. На тоа додадете ја и свеста на потрошувачите, како што рече Џорџо Белоли од марката „Farfetch“: „луѓето почнаа да го менуваат своето однесување и да водат сметка за вредноста на она што го поседуваат“.

Онлајн продавницата за second hand производи „ThredUp“ предвидува дека до 2024 година пазарот за стари работи ќе биде вреден околу 64 милијарди долари. Генерацијата Z ја отфрли брзата мода и сега им е важно облеката да биде одржлива.

Извор: The New York Times

 

ОкоБоли главаВицФото