Британскиот премиер на удар поради изборот на патики

12.04.2024 08:40
Британскиот премиер на удар поради изборот на патики

Британскиот премиер Риши Сунак се најде на удар на британската јавност поради патиките кои ги носеше за време на едно интервју.

Зборуваше за фискалната политика и политиката за заштита на децата, но тоа беше ставено во втор план поради неговиот моден избор. Имено, тој се одлучи за моделот на патики Adidas Samba.

Многу граѓани на социјалните мрежи се изјаснија дека залудно се обидува да им се додвори носејќи патики кои вообичаено ги купуваат „обичните” луѓе.

„Самба. Се чини дека сега е еден од нас ”.

„Неговите патики навистина помогнаа ова видео да стане лесно разбирливо и да можам да се поистоветам со работите што ги кажа”, беа некои од коментарите.

Омилените патики на генерацијата Z
„Уништи патики кои требаше да бидат вечно кул”, напишаа дури и угледните модни списанија како GQ, а некои дури составија листа на патики кои повеќе би му одговарале - само за да ги остави Самба на мира. Историчарката за обувки, Елизабет Семелхек во The Telegraph напиш дека неговиот потег би можел да значи „смрт” за ретро патиките кои генерацијата Z ги обожава.

По бројните критики, Сунак реши да проговори и да се обиде да се оправда пред „самба заедницата”, како што тој ја нарече.

„Во своја одбрана морам да кажам дека носам Adidas Samba патики и други модели многу, многу години. Останувам заинтригиран и ме забавува количината на внимание посветено на она што го носам”, изјави тој за радио LBC.

Тој наведува и дека брат му одамна за Божиќ му го купил првиот пар Адидас патики и дека му останал верен на овој бренд.

Извор: https://citymagazine.danas.rs

ОкоБоли главаВицФото