ПРОГРАМА на фестивалот ДРУГА ПРИКАЗНА #7

18.08.2022 15:35
ПРОГРАМА на книжевниот фестивал ДРУГА ПРИКАЗНА #7: Нова писменост

Регионалниот книжевен фестивал „Друга приказна“ годинава ќе се одржи по седми пат: на 26 август во Сули-ан и на 27 и 28 август во МКЦ-Скопје.

Под слоганот „Нова писменост“ фестивалот ќе ги истражува експерименталните образовни практики во наставата по книжевност, критичката и демократска училница, создавањето на книжевните канони...

Четириесетината учесници од регионот и од нашата земја ќе се обидат да ги лоцираат современите текови на регионалната книжевна сцена, ќе разговараат за книгите на сјајни писател(к)и и поет(ес)и, ќе презентираат интригантни интердисциплинарни проекти кои го шират полето на културата... 

„Новата писменост“, во контекстот на „Друга приказна“, меѓу другото значи и борба за поинакво, „поалтернативно“ разбирање на книжевноста, кое истовремено е пошироко, посинтетичко, и кое уште идеалистички веерува во моќта на книжевноста да ги менува човекот и светот.

 

ПРОГРАМА

Петок (26.08.), Сули ан

18.00.-20.00. - изложба Бантустански мапи, водење низ изложбата и 
предавање „Дигитална поетика“ на Урош Крчадинац

20.00. ВЕЧЕР НА ДУБРАВКА УГРЕШИЌ
- видео разговор: Дубравка Угрешиќ и Румена Бужаровска

21.00. - Промоција на книгите „Нарилник за вештерки“ и „Штефица Цвек...“

21.30. разговор за Угрешиќ: Мерима Омерагиќ, Ирена Јовановиќ, Гоце Смилевски, Никола Гелевски...

22.30. Димитра Цилевска - мал концерт


Сабота (27.08.), МКЦ

18.00.-20.00. РАЗГОВОРИ, БЛОК 1
- Сенка Мариќ со Калина Малеска
- Маша Сеничиќ со Душица Лазова
- Јана Букова со Душко Крстевски
- Данило Лучиќ и Вита Требовац со Никола Гелевски

20.00. - Суштества страшни со фризури и машни - изложба на Ненад Тонкин

20.30. Проекција на филмот Дуга реса; разговор со режисерот Драган Протиќ

22.00. ОВДЕ ПАЃААТ КРУПНИ ЗБОРОВИ (перформативен книжевен натпревар на „едноминутни фикции“)
Учесници: Маша Сеничиќ, Данило Лучиќ, Јана Букова, Тања Аждаја, Ива Дамјановски, Милан Дамјаноски, Стефан Алиевиќ, Владо Манчевски, Вита Требовац, Живко Грозданоски... Водител: Владимир Лукаш

 

Недела (28.08.), Матка

13.00.-17.00. - Изложба на Анета Попова: You are my bowl / I am your bowl (Микро изложба во шума)


Недела (28.08.), МКЦ

15.30. - 18.00. Две работилници за деца со Барбара Прегељ, Ненад Тонкин и Доротеј Нешовски

Сетилна имагинативна лабораторија - цртање и моделирање ликови преку звук, мирис, допир, слика и збор.

Читање додека си играме? Поезијата на Ф. Гарсија Лорка како игра

18.00. РАЗГОВОРИ, БЛОК 2
- Разговор со Јана Бауер 
- Барбара Прегељ со Никола Гелевски
- Хелена де Карина и Ружица Марјановиќ со Фросина Крушкаровска
- Вита Требовац со
Ана Чушкова

20.00. дебата НОВА ПИСМЕНОСТ: Урош Крчадинац, Хелена де Карина, Ружица Марјановиќ, Барбара Прегељ, Никола Гелевски...

22.00. Проштална журка 

 

*Програмата може да има мали измени

 

Фестивалот „Друга приказна“ е поддржан од ТРАДУКИ и од Министерството за култура на Република Северна Македонија

ОкоБоли главаВицФото