Програма на тринаесеттиот Темплум саем

30.11.2022 15:17
Програма на тринаесеттиот Темплум саем

Темплум саем, 30.11.22. - 06.12.22. - галерија Метаноја, од 10 до 22 часот.


ПРОГРАМА

Среда, 30.11., 20.00 ч.

НАГРАДА ЛИФТ #5

Доделување на наградите од конкурсот за стрип Лифт 2022; изложба на најдобрите стрип табли; промоција на зборникот Стрип награда Лифт #5.

Четврток, 01.12.

18.00 ч. - Камишибаи претстави за деца и млади (во духот):
Панда и Дрон, Пргавиот зајак, Страшна ноќ, Споменик од песни... Изведувачи: Ангела Стојановска и Никола Гелевски

20.00. ч. - Книжевен квиз со награди: 50 прашања за десет Темплум книги

Петок, 02.06., 20 ч.
- Ива Дамјановски, промоција на две стихозбирки,
Тријажа и Почнуваме

Сабота, 03.12.

12.00. ч. - книжевен квиз за деца; награди: 10 бесплатни Темплум сликовници

19.00 ч. - Промоција на три книги: Панда во дрон од П. Вулкански и Р. Аврамовски; Зборувам како река од Џордан Скот и Сидни Смит; Малечката Сојка од браќата Ахонен. Учествуваат: Биљана Ѓонеска, Маја Цветаноска, Дарин Агеловски, Марина Туфекчиeвска и Никола Гелевски

21.00. ч.
- Јоана Ристеска, концерт



Недела, 04.12.

13.00. ч. Сказнувалка читанка:
Медените торти на Тон Телехен

19.00. ч. - промоција на стихозбирката (и флип-книга) за мали и големи Пу за Мите, пу за сите! од Владимир Лукаш. Промотор: Алксандар Прокопиев. Модератор: Билјана Црвенковска

20.30. ч.
- Концерт: Звук Караџиќ

Понеделник, 05.12., 17.00 ч.

За оние по нас: план за поттикнување читачки навики кај младите
Резултати и дискусија за проект на Сказнувалка; подароци за присутните...

Вторник, 06.12., 12 ч.

Доделување на наградата Новите! за 2022.

Времетраење: од 30.11.22. до 06.12.22., од 10 до 22 часот.
Галерија Метаноја - улица Максим Горки број 19, Скопје.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото