Небесни тела во необични сатирични амбиенти

24.01.24 12:46

Прегледот на сликите на шпанскиот уметник Пако Помет открива непоколеблива фасцинација со сонцето и месечината. Во далечината се појавуваат брилијантни блескави орбити кои ги осветлуваат сивите сцени, додека малите ликови со цртани нозе и раце талкаат низ домовите и се дружат на покривите.

„Средба”

Оваа тема која се повторува и станува препознатлива кулминира со нова монографија со ограничено издание во која се претставени 29 слики создадени од 2017 до 2022 година. Соодветно насловена „Небесно”, книгата ги потврдува сатиричните и апсурдни импулси на Помет кои сѐ уште не го напуштаат.

„Оддел за меланхолична хирургија”

На сликата насловена „Средба”, Месечината плови на импровизиран сплав во друштво на двајца бизнисмени, додека сликата со наслов „На пат“ прикажува винтиџ автомобил кој патува кон сонцето на хоризонтот претставено во облик на САД.

„После часови”

Во една прилика уметникот го споделува своето мислење дека човечките стремежи и неуспеси се циклични, што ги прави сонцето и месечината соодветни метафори за современите борби, без разлика дали станува збор за неконтролиран капитализам и уништување на животната средина или навидум бескрајни морални дилеми.

„Пристигнување”

„Небесните тела и ѕвездите отсекогаш ме фасцинирале”, вели уметникот. „Сонцето и месечината се бесконечен извор што ни дава многу важни и мистериозни податоци: време, простор, траење, темнина, светлина, почеток, крај. Нивното присуство и моќта да ги пренесат чувствата, немаат граници”.

Погледнете повеќе од делата на Пако Помет на Инстаграм.

„Затемнување”

„На патот”

„Крај”

Извор: https://www.thisiscolossal.com/

ОкоБоли главаВицФото