Насерението симболедува од идентитетанус, но владее заблудило дека станува збор за обична навистинка. На пазарот се нудат заразлични вакцени, а задолжителите на државата се амбалажат со крадити по заебанките и се законвертираат по именувачниците.
Пропагандимитар, во расказ на „Окно“,
Трагедијата на Парадата на љубовта во која загинаа 20 лица е божја казна, грев и повик на грев.
Андреас Лун, австриски бискуп кој тврди дека нема право да им суди на другите луѓе, но е убеден дека учеството на техноспектаклот Парада на љубовта е грев; Утрински весник, 12.08.10.
Тој што ќе договори промена на името во име на народот ќе биде велепредавник и ќе си потпише казна доживотен затвор.
Александар Дамовски, менаџер во МПМ, на трибина; 05.08.10.
Кога бев запрашан дали може некој од Фондот да има јавен настап, да објасни некоја реформа, тогаш јас кажав може, ќе ги контактирам А1 сметајќи во себе дека тоа е правилно бидејќи А1 е најгледана телевизија и ќе го договорам тоа и тогаш Мартин Мартиновски, портпарол на владата, се насмеа и рече: какво А1, таму ќе нè растурат, не може.
Дејан Гацов, бивш портпарол на Фондот за здравство; А1 ТВ, 08.08.10.
Република Македонија го напушти етноцентристичкиот пристап во градењето на нацијата и создаде услови за инкорпорирање на сите етнички групи во матицата на нацијата. Дали тоа им се допаѓа некому или не, не знам, но за мене "Скопје 2014" е токму тоа. Материјална експресија на напуштањето на етноцентристичкиот пристап.
Јован Донев, професор, „Вест“, 07.08.10.
Глупавите ционисти најмија платени убијци за да ме ликвидираат.
Махмуд Ахмадинеџад, претседателот на Иран по нападот врз неговиот конвој; Утрински весник, 06.08.10.
По нив чистам само со црево и вода, оти никој не ми донел средства за чистење. Некои граѓани ми бараат хартија, но кога ќе им кажам дека нема оти користењето на вецето е бесплатно, не се бунат. За среќа, не сум секој ден во тоалетите, работам на одржување на градското зеленило. Во тоалетот треба да има чувар маж, кој ќе се справи со сите деликвенти.
Петрунка Јовановска, чистачка на јавните скопски тоалети, вработена во „Паркови и зеленило“; „Дневник“, 04.08.10.
Нејзиното Височество - Архитектурата, е дел од Светото Тројство во туризмот, покрај храната и музиката. Зашто, тие три елементи го создаваат специфичниот амбиент во една средина, без кој нема туристичка приказна, ни туризам.
Лилјана Поповска, претседател на ДОМ; „Дневник“, 30.07.10.
Географијата е виновна што сè уште немаме преговори како Исланд, бидејќи немаме добар сосед.
Антонио Милошоски, министер за надворешни работа; изјава во Брисел; „Утрински весник“, 29.07.10.
Партиите се создадени да го делат народот, а претседателот да го обединува.
Ѓорге Иванов, претседател, при посета на Швајцарија; „Утрински весник“, 28.07.10.
Аднан Хамидовиќ - Френки, родум од Тузла, својот пробив на Балканската хип хоп сцена го направи како пратечки МЦ кој настапуваше со Едо Маајка.
Ѕирнете ги најновите пристигнати раскази на конкурсот. Оваа недела имаме помалку автори, но затоа, пак, квалитетот нема изгубено. Исто така, на наша голема радост, се појавуваат нови имиња кои ветуваат.
Часови за читање на градот се подаруваат на туристите, а другите жители се задушуваат и губат во привидниот, псевдоградски текст без вистинско значење. Станува збор, за физичка превласт, но и за семантичка ентропија на Градот на вториот.
Лиле Поповска, пратеничката, пред еден месец во „Дневник“ објави еден од најглупавите текстови што во поново време се појавиле во македонскиот печат.