Почина Томислав Петернек - фотографот кој ги овековечи последиците од скопскиот земјотрес

25.03.2024 17:42
Почина Томислав Петернек - фотографот кој ги овековечи последиците од скопскиот земјотрес

Легендарниот српски фотограф Томислав Петернек, кој ги овековечи последиците на катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963, почина на 91 година. Неговите фотографии беа објавувани во најзначајните светски весници.

Роден во хрватскиот град Винковци во 1933, Петернек почнува да се занимава со фотографија во 1954 година. Со новинарска фотографија почнува да се занимава работејќи во весникот „Светлост” (Крагуевац). Набрзо доаѓа во Белград и продолжува да работи во „Борба”, „Младост”, „Југословенска ревија” и „Економска политика”.

Од 1970 година до пензионирањето во 1993 беше уредник на фотографија во неделникот „НИН”. Соработувал и со разни светски медиуми. Беше акредитиран дописник во Министерството за информации на Југославија од големите фотоагенции: Ројтерс, Истлајт, Контраст, УНИЦЕФ и Корбис-Сигм од Париз. Живееше и работеше во Белград.
Со својот фотоапарат ги забележа најважните домашни и меѓународни настани, вклучувајќи го и периодот на распадот на Југославија.

Посебно значаен момент во неговиот богат опус е фотографирањето на Скопје по земјотресот во 1963. Половина век подоцна, тој ги претстави овие фотографии на изложба во МАНУ.

Петернек се занимавал и со модна, применета, рекламна и подводна фотографија, снимајќи во Црвено Море, Карипско Море и Индиски Океан.

Извор: https://sdk.mk/

ОкоБоли главаВицФото