Томас Едисон

23.04.2024 01:13
Томас Едисон

Томас Едисон

Во раната младост, Томас Алва Едисон покажал фасцинантна заинтересираност за механика и хемиски експерименти.

Во багажникот од автомобилот направил лабораторија за своите хемиски експерименти и поставил машина за пишување, иако случаен пожар го принудил да ги прекине своите експерименти на одредено време.

Кога имал дванаесет години Едисон го загубил речиси сиот слух, веројатно заради шарлах или, како што верувал, како резултат на инцидентот во кој бил фатен за уши и подигнат во воз во движење.

Неговиот инвалидитет не го обесхрабрил, а често зборувал дека токму инвалидитетот е средство кое му овозможило да се концентрира на своите експерименти и истражувања.

До својата 84-та година Едисон направил 1 093 патенти, рекорд за неговото време.

Неговата лабораторија во Менло Парк често ја нарекувале „фабрика на изуми“. Таму го измислил фонографот, мотивиран да прави материјал корисен за слепи лица, баш како денешните „звучни книги“.

Со својот пронајдок - светилката - во 1879 година настојувал да биде инженер на целиот електричен систем за осветлување, кој би можел да биде поддржан во градот. Првиот комерцијален електричен светлосен систем е инсталиран на улицата Перл во финансискиот дистрикт во долен Менхетен 1882 година.

По преминувањето во поголема лабораторија во Вест Оринџ, наместил една опремена машинска работилница, фонограф и фотографии од одделението, библиотека и дополнителни објекти за металургија, хемија, обработка на дрво и галванометар за испитувања и почнал да работи на снимање на својот филм.

Во 1920 година Едисон поминал многу време дома, каде продолжил да експериментира. На 14 октомври 1931 година паднал во кома, а умрел четири дена подоцна на својот имот Гленмонт, во Вест Оринџ.

Во текот на неговиот живот Едисон успеал да стане не само познат пронаоѓач, туку и истакнат произведувач и стопанственик.

Лабораторијата во Менло Парк

Превод: Алек Кузмановски

Извор: The Library of Congress >National Disability Employment Awareness

ОкоБоли главаВицФото