Дневник за храна

18.07.2011 14:28
Дневник за храна

Англискиот графички дизајнер Дејвид Мелдрам, исто така познат како The Food Illustrator (Илустраторот на храна), во текот на цела една година водел визуелен дневник за сето она што го изел и испил, создавајќи на тој начин 365 илустрации.

Сакајќи да создаде историски запис не само за она што го јадеме, но и за трендовите поврзани со денешната храна, Мелдрам го започнал својот илустрирачки проект на 15 јуни 2010 г. и ги цртал сите нешта што ги консумирал со секој оброк во бележникот кој постојано го носел со себе. Иако предизвикот бил огромен, тој не пропуштил да илустрира ниту еден ден, а како материјал за скицирање користел акрилни бои, колажи, водени бои, молив и мастило.

Илустрирањето заврши на 14 јуни годинава, а исход од сиот тој процес е шокантно реалистичен дневник за храна во кој вкупно можете да најдете 1360 испиени филџани кафе, 150 литри испиено пиво од марката Peroni lager, 122 изедени чоколатца од марката Freddo, едно чудо шпагети, салати и брза храна. Овие 365 илустрации во боја до неодамна беа изложени на продажба во Arch 402 галеријата во Лондон.

Извор: tribune.com.pk

ОкоБоли главаВицФото