Руски биолози оживеаja растение старо 30.000 години

28.02.2012 15:15
Руски биолози оживеаja растение старо 30.000 години

Руските биолози успешно одмрзнаа семе на растение од пред околу 30.000 години, доведувајќи го во ’замрзнувач’ од сибирскиот вечен мраз, по што успеале да одгледаат неколку мали грмушки на ископаната флора. Најстарите растенија досега одгледани во современи услови имале околу 2.000 години, пренесува агенцијата РИА Новости.

Групата руски биолози под раководство на Давид Гиличински од Институтот за физиохемиски и биолошки проблеми на земјиштето, ги проучувала остатоците од растението, закопани на 38 метри во вечниот снег на крајбрежјето на реката Колима во Магаданската област, Русија.

Овој предел е добро познат по остатоците од замрзнати растенија, кои растеле на територијата на североисточниот Сибир пред околу 25.000 години.

Поголемиот дел од остатоците се пронајдени во замрзнати гнезда на глодари, кои ги користеле стеблата на растенијата за свој дом. Научниците често пронаоѓале и делови на семиња, но ниедно од нив до сега не можело успешно да се ’оживее’ поради внатрешните оштетувања.

Гиличински и неговите колеги го пребарале мноштвото одамна познати но дури неодамна пронајдени примероци на остатоци во потрага за семе на растението кое го носи латинското име Silene stenophylla Ledeb. Ова ниско џбунесто растение расте во суровите климатски услови на Јакутија и е многу отпорно на мразеви.

Во еден од примероците, биолозите пронашле неколку незрели семки на Silene, практично идеално сочувани. Со одредување на староста преку радиојаглерод е утврдено дека семките се стари околу 30.000 години.

Научниците ги издвоиле највиталните фрагменти на тие семиња и со најмодерна технологија на одгледување, т.н. ’микропропагација’ го воскреснале растението поинакво од своите денешни роднини, кои најпрвин цветале а потоа носеле и плод и семе способно да се размножува понатаму.

Научниците истакнуваат дека обликот и бојата на денешните и древните растенија е апсолутно ист, освен цветовите. Цветните листови на денешните Silene се пошироки и ’просечни’ во споредба со цветовите на замрзнатите растенија, а освен тоа на старите постоеле и ’женски’ и ’машки’ цветови, додека современото растение има цветови со прашник и толчник.

Во секој случај, добиено е здраво семе, кое се развило во комплетно израснато растение. Руските научници за прв пат успеаја да ’воскреснат’ цвеќе, чиј плод престојувал во вечниот мраз повеќе од десет илјади години.

Замрзнатите остатоци од животни и растенија се сметаат за многу интересни и комплетни извори на информации за животот на Земјата во претходните милениуми. Деловите од растенија, кожа и месо од животните ни овозможуваат многу повеќе информации од тие кои ги добиваме од најдеталните фосили. Деловите на ДНК во таквите остатоци ни даваат шанса за оживување на флората и фауната од леденото доба.

Извор: 6уka.com

ОкоБоли главаВицФото