Земјата влегува во нова епоха – епохалипсата

28.03.2012 14:10
Земјата влегува во нова епоха – епохалипсата

Претходните 12.000 години траеше епохата холоцен; таа започна по последното ледено доба и имаше прилично стабилна клима и животинска популација.

Меѓутоа, луѓето го променија тоа – глобалните температури пораснаа, а животинските видови исчезнуваат со рекордна брзина.

Потврда за новата епоха треба да стигне по конференцијата „Planet under pressure“ која неделава ќе се одржи во Лондон. Прашањето нема да биде дали антропоценот започна, туку кога се случи тоа?

Одредени учесници сметаат дека тоа се случило неодамна, додека други мислат дека во таа епоха сме веќе илјадници години.

„Човештвото по своето влијание е еднакво на ледена доба“, вели професорот Џејмс Сивитски, американски геолог.

За еден милион години геолозите, според слоевите на земјата, ќе знаат точно кога започнал антропоценот.

„Оваа доба веројатно ќе припаѓа во првите шест во историјата на нашата планета, ако ги земеме предвид истребувањата кои се случија,“ вели Вил Стефан, австралиски геолог.

Геолошката доба трае неколку милиони години, епохата десетина милиони, ерата стотина милиони, а еонот барем половина милијарда. Многу е необично една епоха да трае само неколку илјади години.

Пред холоценот ја имавме епохата плеистоцен која траеше од пред 2.6 милиони години до пред 12.000 години. Во овој период се појавиле првите претци на човекот, чии потомци денес имаат епоха наречена според нив.

Нашата планета повеќе не функционира како одамна. Атмосферата, климата, океаните и екосистемите се надвор од нормите на холоценот; тоа покажува дека сме ја преминале границата.

Постојат три идеи за почетокот на ова ново доба.

Некои мислат дека започнало пред повеќе од илјада години, со појавата на земјоделството. Меѓутоа, првите фармери не можеле многу да ја променат планетата.

Други ја означија 1800 година како пресвртница, време кога се спалувани фосилни горива во индустриската револуција.

Меѓутоа, навистина големите промени не се случија пред 1945 година и нуклерното доба. Седиментите кои беа депонирани таа година имаа радиоактивни супстанции, што е последица на првите тестови на атомските бомби, кои засекогаш го изменија екосистемот во кој живееме.

Извор: b92