Русија ќе ја запре продажбата на оружје на режимот на Асад

10.07.2012 13:29
Русија ќе ја запре продажбата на оружје на режимот на Асад

Џиркалн, заменик шеф на руската Агенција за војска и техничка соработка, рече дека Русија нема да потпише никаков нов договор за продажба на оружје на Сирија, ниту во таа земја ќе испраќа наоружување.

„Русија, како и другите земји, е загрижена поради ситуацијата во Сирија. Додека ситуацијата не се стабилизира, нема да испорачуваме никакво оружје“, изјави Џиркалн.

Заменикот шеф на руската Агенција за војска и техничка соработка, тоа го изјави за руските новински агенции на маргините на аеросамитот во Франбороу, југозападно од Лондон.

Според неговите зборови, тоа пред сѐ се однесува на испораката на борбени млазни авиони ЈАК-130 во Сирија. Русија со Сирија потпиша договор вреден 550 милиони долари за испорака на 36 авиони ЈАК-130. ЈАК-130 се произведува од 1996.

Џиркалн рече дека и Либија побарала испорака на руски резервни делови за оружје и воена опрема која порано ги добила.

„Во контакт сме со либиските власти. Моментално во тек се консултациите“, рече тој.

Русија преку вето, со подршка на Кина, го спречи Советот за безбедност на ОН во Сирија да воведе ембарго за увоз на оружје или да спроведе било какви други санкции и до сега одбиваше да ја прекине продажбата на оружје во Сирија, која е нејзиниот најголем купувач.

Обединетите нации проценуваат дека околу 10.000 луѓе се убиени во Сирија отакко изби побуната против претседателот ел-Асад во март 2011. Сириската опозиција бројот на погинати го проценува на 16.5000.

извор: e-novine 

ОкоБоли главаВицФото