Минливата и менливата историја

02.08.2012 14:37
Минливата и менливата историја

 Ќе обрнам внимание на некои аспекти на Илинденското востание важни за нашата современост, а кои не беа доволно истакнати во многубројните текстови по повод големиот јубилеј, 100 години Илинден.

Најпрвин, за историјата како учителка. Често се вели дека историјата ја пишуваат победниците. Но, исто така може да се каже и дека историјата ја занемаруваат победниците. Тие себеси можат да си дозволат и да заборават, додека губитниците никако не можат да го прифатат она што се случило, и осудени се да размислуваат за тоа, одново да го промислуваат и да се прашуваат како сето тоа можело и поинаку да се одигра.

На пример, познато е дека со воспоставувањето на национални држави кон крајот на 19-иот век револуционерното начело на националноста триумфирало над империјалното. Но, токму гледајќи низ призмата на македонскиот илинденски пораз, ние денес сфаќаме дека начелото на националноста беше (и сè уште е) затруено со сфаќањето според кое постојаниот развој на нацијата е условен со поседување одредени територии. Тоа бил белег што нациите во настанување го добија од своите некогашни империјални освојувачи. Тој империјален порив за територијални проширувања на малите нации, на некој начин ја сотре Македонија во периодот на преминот меѓу вековите, кога и се случи Илинден; за жал, дури и денес, цел век подоцна, не е згаснат поривот по територии на малите нации.

Втората работа што сакам да ја истакнам е еден можен одговор на прашањето зошто треба да бидеме горди на Илинден и зошто тоа востание во некои свои аспекти (републиканството а не нацијата како клучен интегративен фактор) далеку го надминува тогашниот стеснет националистички светоглед. Иако национализмот сè уште е моќен фактор во креирањето на државните политики, особено на Балканот, во зората на новиот милениум се чини дека неговата сила е ослабната, дури и на глобално ниво.

Значи, денес, 100 години подоцна, горд сум на Илинден зашто имам впечаток дека неговата суштина е во бунтот на малиот човек, на македонскиот селанец сосема истормозен во прв ред од немаштијата во која живеел, а во втор ред и од бескрајните роварења и присвојувања на сите можни пропаганди, верски, национални, државни, племенски... Илинден, и покрај тоа што е изгубена битка, претставува едно громогласно "Доста е!", кога станува збор за мешетарењата на сите мали и големи империи што ги гледале интересите на оваа почва. Во таа смисла Илинден е своевидно освестување и достоинство, но не само во национална смисла.

Како што вели англискиот проследувач на тогашните македонски прилики, Брејлсфорд, во позадината на Илинденското востание, "во коренот на целата таа збрка од расни судири, шовинизми на балканските народи и калкулациите на големите сили, стои реалноста на запоставениот македонски селанец - пљачкосан, експлоатиран, поробен, незаинтересиран за националните програми - кој единствено сака да го дочека денот кога ќе може да се нагрне со топол јагнешки елек, да ја омажи ќерката без срам и во мир да го изеде своето парче леб заработено со неуморна работа".

Еве што вели во своите спомени Михаил Герџиков, еден од востаниците во Одринско:

"Им зборував да се свестат за својата мизерна економска положба: им велев, таа положба е условена главно од лошиот турски политички режим, дека ние не би имале ништо против да бидеме во Турција, но да ни се гарантира поднослив живот... Ми остави впечаток дека селаните се повеќе очајни поради својата економска положба од чорбаџиите (Бугари и Грци, заб. прев.) одошто од Турците, а ние им докажувавме дека турскиот режим сепак е главната причина за немаштијата. Се агитираше во тој дух. Им се објаснуваше како се подготвува борбата во Македонија, и со тоа им се даваше надеж, дека во борбата Македонците ќе бидат поддржани, дека тоа ќе биде заедничка борба. За Бугарија не се зборуваше, ниту им се влеваа надежи дека Бугарија ќе ја поддржи борбата."

Во сличен тон, во друг дел од Македонија, говори и Ангел Андреев, еден од востаниците во Преспанско: "Во затворот дојдоа и новинари. Се чудеа како под диктат на Бугарите од Бугарија сме се нафатиле да правиме востание. Ние одговоривме дека не работиме ниту за Грција, ниту за Бугарија, ниту за Србија, туку само за Македонија. Не само едно лето, туку 10 години се подготвувавме и налет нивната ученост штом поверувале дека за едно лето може да се подготви едно такво дело - револуција, која ги обедини и гркоманите и Власите и Бугарите против заедничкиот непријател. Се гледа колку се интересирале Грците за Македонија кога слушнале за востанието... Одвај сега кога пукнала пушката. Нè прашаа кого сакаме за кнез во Македонија; ние сме биле историски поврзани со Грција и требало да сакаме грчки кнез. Ние одговоривме дека сега не мислиме на тоа - нека ни помогнат Грците да се ослободиме, па потоа лесно за тоа..."

Чествувањето на Илинден ме потсетува на случката кога Александар Пушкин, славниот поет кој се занимавал и со историја, му рекол на царот дека сака да пишува за Пугачов, водачот на селаните од 18-иот век. Царот одговорил сурово едноставно: "Таквиот човек нема историја".

Е па, нашиот Илинден на некој начин е доказ дека "таквиот човек", оној македонски човек кој главно служел како монета за поткусурување - сепак постои, и тоа на моменти прилично громогласно, како што покажаа Илинденците. Го спомнувам одговорот на рускиот цар зашто Македонците - што веќе станува гротескно, отаде трагикомичното - и ден-денес, од ваму и таму, се соочуваат со одговорот: "Вашата нација нема историја". Илинден е само еден од нашите одговори, но, со сиот респект кон минатото, сепак сегашноста и иднината треба да сведочат за нашите дела и за она што ќе им го оставиме на наследниците. Доста ни е од докажувањата и од замајувањето со туѓите фрустрации. Премногу енергија ни отиде за да го обелоденуваме очигледното, премногу светлина потрошивме денски.

Но, токму дистанцата од Илинден, целиот век помеѓу и нашиот сегашен сосема поинаков контекст, треба да нè поттикнат скапоценото наследство да го читаме и во други, нови и различни кодови, кои решавачки ќе помогнат она назад сè уште да свети и пред нас.

„Утрински весник“, 11.08.2003.
Слики: Edward del Rosario

Менувајќи ја сликата на

Менувајќи ја сликата на насловниот прилог, по грешка ги избришавме и трите дотогашни коментари. Им се извинуваме на коментаторите.

Што се однесува до Мартин, што да каже човек? Тоа е патриотизмот на преродбениците? „Пичко соросоидска“?

Мартин, текстот е пишуван пред девет години и ставен е на насловна на Окно во чест на празникот. Инаку, обично, за време на празник, банерите најгоре, на Окно, ни се празнични, но луѓето што го прават дизајнот на Окно се на одмор. Ради тоа го немаме празничниот банер, но имаме текст во чест на двата Илиндена.

Кај и да е, честит празник, Окнаши!

кретените Амди Бајрамовски,

кретените Амди Бајрамовски, коишто се палат на симболички прдежи на историјата, се' само соросоидските предавници им се криви на нивниот ганглиосан желудец што не знае да ја прифати неговата ФИРОМ-ска реалност.
Ај да не ми окара и мене, среќен празник граѓани на ФИРОМ, уште утре да ве закачи астероид!

екс-добронамерен граѓанин на ФИРОМ

Избришавте три коментари кои

Избришавте три коментари кои што не ви одеа во прилог и ве разголуваа. How convenient.

Слободно испратете ги

Слободно испратете ги коментарите! Како што гледате, коментари не бришеме, дури и кога се од најогавен тип! Се’ си викаме, и тоа е некој документ, за свинштината на времето во кое живееме...

Инаку, имаше техничка грешка на Окно, како што напишав порано; при менување на сликата на насловна, се избриша целата претходна статија, комплет со трите коментари (кои, патем, беа безначајни).

Скинете ја слободата на говор

Скинете ја слободата на говор кога не ја зборуваат вашата вистина!

Не е ниту прв, ниту последен пат уредниците да бришат коментари кои ним едноставно не им се допаѓаат. Ај да речеш дека бришат коментари кои содржат чисто говор на омраза или гнасни зборови (како пцовките на Гелевски потпишани како Фрчкоски у СОС, Антиуметник, соросоид, окнаш и уште триста други негови алтер ега).
Не, не се работи за бришење коментари кои содржат пцуење.
Уредниците бришат коментари во кои некој аргументирано се спротивставува на личните ставови на Гелевски!

Да, драги читатели на окно, вашите коментари се и ќе бидат избришани од пичките соросоидни.

Илија Димовски трк до Шупакот

Илија Димовски трк до Шупакот на Мијалков и скри се таму!

Ова Илија ги предупредуваш ретардите оросписки на кои коменти да газат и други пиздарии? Глупаки една од одликите на јаките писатели е да знаат кој го пишува текстот без да го видат потписот на крај од текстот, тоа е уште една лекција за која нема патоказ за учење, јебига вмро јет идијотска у секоја смисла, и Илија иди на одмор доста ги собираш говната на Мијалков и ко. Идијоту!

Коментарот беше у смисла дека

Коментарот беше у смисла дека Коља баш убаво и смислено и разумно и нормално и течно пишува кога неговите се на власт во 2003, а хистерише кога не се и ништо не му чини.

Но нема лезет сега да се повторува коментарот.

Мартин, не е проблем што НГ

Мартин, не е проблем што НГ не го ни спомна Илинден, туку испразно, шупачки, претенциозно се курчеше, апсолутно бесмислено, затоа што да се курчиш вагино соросоидна, треба да имаш параметри (макар нормални)! Проблемот е, замисли, што полуписмениот и полуобразоваљн Кољо ИМАЛ став, па,па,па

Штом се искористи зборот

Штом се искористи зборот абсолутно у реченица или говор, помпезната вештачка сомнителност плива напред, торлаку иди у шупакот на Мјалков а потоа кај Тодор Петров хомо-то; замисли Љубчо бугаринот чита коментарите па потоа пишува текстови, не е единствен што бара оригиналност на окно, јебига приметивме одамна дека окно е изворот на дрмањето, но нека земаат, немаме ништо против само што редно е да се излезе со листа на педери од вмро, а Шаупакот на Мијалков и Илија Димовски нек се мирисаат ко кучиња!

Чоече да не е окно нема шо да

Чоече да не е окно нема шо да се чита на .мк поратливе, мизерија незнаење некреативност, дај Мијалкоф и Шљамкурова конечно нек почнат да ги бутаат и сајтовите со судски налог, место само да жнеат камен под рука од скулптури на сероњи уметници гладни. Штом ставија сликица на бомбашот од Бургас и низ .мк медиуми нто тоа Шупакот на Мијалков сака да ни соопшти, најверојатно колку голем сопственик е он на СИСТИНА, кој процент е на Камчев а колкав на Шупакот на Мијалокв или ако више МПМ му го дадоа на Камчев редно е таа БАГРА од говно да одравоти, тој е оној тип на еставлишментско мафијашки тајнополициски капиталист со необријан тридневен брадосан СУРАТ кој ќе го крка у наредните години, но до тогаш фамилијата на Шупаците на МИјалков и Мијалкови затоа што таму има и женски единки јако ќе се шират и затвараат, епа, среќен шупачки празник ви пожелува тајната полиција на Шупакот на Мијалков и неговиот бизнис со органи преку Косово и Метохија.

Мало потсеување за останатите

Мало потсеување за останатите читатели:
„Шупакот на Мијалков“ е само уште едно од имињата со кои Никола Гелевски одбира да се потпише на неговите коментари кога не е логиран со user-от „kolja“.

Значи Илија, трк кај Мијалков

Значи Илија, трк кај Мијалков у шупак!!!

А ова погоре, драги читатели

А ова погоре, драги читатели на окно, е истиот Гелевски кој го спомнав погоре - но видно расположен за халуцинирање (може џвакнал некоја работка од Мирко Попов).
Кога ќе се изнервира - го гледа ликот на Димовски во секоја буква од коментарите на окно кои го нервираат.

Илинденското востание беше

Илинденското востание беше краткорочен успех за (релативно) долгорочен неуспех. Тоа го пишувам во контекст на останатите држави во регионот, кои во тој период успешно создадоа свои држави (не дојде турски аскер да ги задуши). Македонскиот народ беше признаен како посебен народ и се здоби со автономија дури во рамките на СФРЈ, што би можело да се квалификува како долгорочен успех, особено ако погледнеме на периодот од Илинденското востание до Втората светска војна. 

Oстанатите држави во регионот

Oстанатите држави во регионот не создадоа свои држави, туку државите им беа создадени, со се кралеви и сите нишани. Инаку од каде оружје и војска кај овие држави да ги победат Османлиите. Клише фразата - дека народот Македонски и историјата на земјата Македонија била за поткусурување е толку вистинита, што се наметнува и без никакви аргументи. Народите на трите држави околу нас можеле само да ги мобилизираат само со сонови за Голема Србија, Сан Стефанска Бугарија и Античка Грција. Заедничко за сите соништа била територијата Македонија.
Нерешливиот проблем на исполнување на било од кои овие соништа, фактички ги доведува големите сили до решението - Македонци не постојат, територијата да се подели на три дела и да се создадат три стабилни држави,се со цел да се избркаат Османлиите од Европа. Другата опција би била ова што сега го имаме. Грчка не ви признава име, Бугарите народ, Србите црква. И војни до бесвест на Балканот. Едноставно - „Македонци нема“ е најелегантното решение на големите сили, според нив, со намал број на жртви и со колку толку фер распределба на влијание на новите територии на Балканот. И како крунски доказ за исправноста на нивното решение можете да кажете дека и после тоа 100 години после Илинден ја имаме истата ситуација. Значи во таква ситуација правењето востание немало за цел правење држава или ослободување, туку фрлање светлина врз проблемот на македонскиот народ и неговото постоење. Херојството на Илинденците е уште поголемо ако се знае дека најверојатно многу од нив знаеле дека шансите зе успех се скоро никакви, бидејки позади Илинден не стоела ниедна голема сила. Исправноста на таа логика на себежртвување е крунисана со вториот Иинден и Македонската држава. И за тоа треба да сме им вечно благодарни. Само како потсетување за храброста на овие луѓе, да не добијам пак критики дека нешто многу ги дигам, оваа генерација имаше шанса за акција во слична ситуација, меѓутоа одлучи да дозволи ЈНА да си отиде заедно со оружјето оставајки не со две пушки. Не викам дека тоа не беше најдобро решение кога си се довел себеси во безизлезна ситуација, односно навијаш за Југославија, иако и врапците знаат дека нема ништо од тоа, туку критикувам зошто ги славиме тие што беа као божем лидери немаа појма што прават а денеска ми ги славите како државотворни. Они се државотворни по дифолт. Се најдоа случајно тука кога никој жив не знаеше што да се прави со Македонија.
Затоа Илинден е голем. Кај нив работите не беа по инерција. Сами си ја направија својата историја.

Ste se sobrale ovde ludaci

Ste se sobrale ovde ludaci itoa vrvni.......a za kolja pa da ne zborime sigurno e na nekoja hemija vo najmala raka B6 poso 2-3 godini da krekas ovde a nisto da ne pridoneses i ne e bash lesna rabota

ОкоБоли главаВицФото