1009 hPa
100 %
12 °C
Скопје - Пет, 03.05.2024 03:59
Конечно решивме кои шест автори ќе го поделат паричниот фонд на нашиот конкурс!
Станува збор за: Александар Јосифовски, Александар Илиевски, Елена Стаменкова, Леонора Грчева, Слободан Јаќоски и Огнен Танчески.
Им честитаме на сите наградени за нивните навистина одлични дела!
Ако се согласат и другите автори, деновиве можеме сите пристигнати предлози да ги претставиме и на „Окно“ (или барем оние што ќе дадат дозвола за претставување). Така и пошироката публика ќе може да има увид и во наградените и во ненаградените разгледници.
Нам ни претстои уште малку труд да ги испечатиме и да ги промовираме наградените дела.
Уште еднаш ја користиме можноста да им се заблагодариме на сите автори (21 на број) кои учествуваа на конкурсот и да им посакаме повеќе среќа следниот пат!
Исто така, уште еднаш се извинуваме што неколку дена задоцнивме со соопштувањето на наградите.