Почина Хуго Чавез

06.03.2013 00:41
Почина Хуго Чавез

Претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, (58) почина вечерва по тешко боледување, потврдија официјалните лица на земјата. Чавез долго се бореше со ракот и тешката респираторна инфекција.

Потпретседателот на Венецуела, Николас Мадуро, во обраќањето кое го пренесоа CNN и Ројтерс, објави дека состојбата на Чавез се влошила поради инфекцијата, неколку недели пред неговото враќање од Куба каде што беше подложен на оперативен зафат.

И покрај двегодишната борба со тешката болест, во ноември Чавез беше избран за претседател на земјата, добивајќи го четвртиот мандат на таа позиција. Меѓутоа, на 10 јануари оваа година, поради здравствени причини не можеше да се појави на церемонијата на инаугурацијата, а опозицијата во Венецуела уште тогаш повикуваше на избори.

Хуго Чавез е роден на 28 јули 1954 година во селото Сабанета во семејство по потекло од Шпанија и Африка; неговиот пат кон политичкиот врв започнува во февруари 1992, кога го предводеше обидот за преземање на власта во Венецуела со воен удар. Пучот пропадна, а Чавез беше затворен. По две години поминати во затвор, излезе помилуван од страна на претседателот Рафаел Калдера.

Меѓутоа, откако излезе од затвор, ја основа партијата Movimiento Quinta Republica, Движење за петта република, со која на 6 декември 1998 година ја доби довербата на граѓаните и стана претседател на Венецуела. Бидејќи победи најмблагодарение најмногу на најсиромашните, негови непријатели беа средната и високата класа, синдикатите и практично сите приватни медиуми во Венецуела. Беше познат и како жесток критичар на американската политика.

Извор: CNN

ОкоБоли главаВицФото