Очаен Псалм

26.10.2013 05:56
Очаен Псалм

Живеам во Очај-држава
Во град на Очајот
Помеѓу очајни луѓе
Јас очајна
Го прегрнувам очајниот сакан
Со очајните раце
Му шепотам очајни зборови
Го бакнувам со очајни усни.

Од очај правиме деца
Во очај ги давиме
Со очај ги клукаме
Нашите очајчиња
Да го продолжат родот наш очаен
Името наше очајно да го носат
Раѓајќи очајни деца
А тие уште поочајни
Итн.

Зашто со нас владее Богот на очајот
И неговите очај-пратеници
Со очај-справички
Што со очај ги молерисуваат нашите куќи
Со очај ги покриваат прозорците
И вратите со него ги оковуваат
Кревајќи очај-ѕидини околу нас.

Проповедаат очај-вера
Собирајќи го бериќетот и ќарот
Н
è учат на Светиот Очај
Со кој ќе го заслужиме вечниот живот
Да воскресне човечкиот род
Очаен -

Јагне што лута
Не наоѓајќи дом и пат
Зори и утра
За век и векови.

Проклета да си рако бедна
Која го запиша ова летово Господово 2013.

Превод: Николина Андова
Слика: Греам Дин

ОкоБоли главаВицФото