Човечки тетрис

10.02.2010 17:18
tetris_0192big.jpg

Кој не се сеќава на играта ТЕТРИС, една од првите видео игри? Играчите требаше да ги сложуваат рудиментираните геометриски облици еден врз друг за да се добие права линија, а сето тоа беше придружено од руска музика...

Најголемата игра на Тетрис со живи луѓе се случи на 27 ноември 2007 година, како вовед во фестивалот Les Urbaines во Лозана, Швајцарија.

Тетрис е четвртиот видео перформанс на GAME OVER проектот, режиран од француско-швајцарскиот уметник Guillaume REYMOND од креативната агенција NOTsoNOISY. Победник е на Видео наградите на ЈуТјуб за 2007 година, во категоријата „Креативно видео“. Досега е посетено од 10.1 милиони гледачи од целиот свет.

За да добиете целосен впечаток, препорачуваме да го изгледате видеото со звук.

ОкоБоли главаВицФото