Зграда што оживува

21.09.2010 12:35
Зграда што оживува

За време на прославата на Денот на независноста на Украина, кој се паѓа на 24 август, една владина зграда стана платно на кое се случуваше неверојатен уметнички перформанс со светла – по што зградата оживеа. Ова се случуваше во градот Харков.

 

Идеално за Златни Црни Грујо!

Идеално за Златни Црни Грујо! Ионака се при крај со фасадите, та им останува само да опичат со моќниве проектори и дење-ноќе да ни шибаат спотчиња за велелепната преродба.

Украина е спас! Ем ни

Украина е спас! Ем ни испорачаа оружје 2001, ем ни праат восочни фигури за бедна лова (15 сома јевара по парче), ем ни осликуваат национална иконографија, ем цркви ни фрескосуваат, ем сеа - види ги, мајчините! - му наоѓаат феноменална излезна стратегија на Златни Црни Грујо!
„Јебеш бе волумени, на глупиов мк народ доста му е фасада! Ионака сум нанервиран што од грчанана што од шиптарана што од соросоидана!“, си вика Златни Црни Грујо. „Дај тендер за прожекториве и домкнете ми ги филмаџииве! Е, Милчо, Милчо, е јебана Македонија вечна, место да праиме вакви оптички заебанции, да уљуљкуеме народ у соништа... Прекинуам Скопје 2014! Доста више ме дупевте! Сакате фасади - ќе добиете фасади! Живела Украина!“

Важно е што, баш на

Важно е што, баш на позадината на фасадите (идеална сценографија за ваков анимализиран народ и за ваква наперчена власт!), на народот му џиткаат коски, да се радува, а и камерите да потврдат како се милостиве владетеливе... Има одличен текст за тн. појадок на Камени мост денес во „Дневник“ од Кокаланов, еве делче:
Или можеби не е проблемот од математичка природа. Можеби некој свесно сакаше да го понижи сопствениот сиромашен народ. Зарем до толку ни стана перверзна власта? Да ги натераш гладните да водат гладијаторска битка за парче пица, да гледаш како старчиња се бодат со стапчиња од ражнич во битката за пржено лепче, да набљудуваш од страна како тетките полнат кеси за да го соберат семејството на ручек, треба да си страшно перверзен политичар. Гледајќи ја таа очајничка битка за храна, на секој нормален, сочувствителен човек му навираат солзи на очите. Треба да си мошне неумесен да се појавиш пред камерите по срамниот настан и со насмевка да соопштиш гордо дека оваа грабање за храна ќе прерасне во една убава традиција.

Од Кокаланов, уште

Од Кокаланов, уште малку:
Следната година, ако продолжи преродбата со несмален интензитет, гладните нема голораки да се борат за својот залак со вашето градско обезбедување и меѓу себе. Ќе ви дојдат вооружени до заби. Што да прават луѓето, спомениците се храна за очите, ама и стомакот бара нешто за себе. А вие, ако сакате да уживате во несекојдневната гладијаторската битка, ќе мора од „Стоун бриџ“ со двоглед на набљудувате. Ако некој не е доволно снаодлив и биде изгазен од толпата, само ќе го спуштите палецот надолу.

Пак изглеа Окнашот#1 сам си

Пак изглеа Окнашот#1 сам си пишува коментари. Што би се рекло: сам си пее сам си свири (сам си падна сам си стана).
На ова место во оваа пригода сакам да апелирам (каj здравите Окно сили): стопирајте го Окнашот#1! Сакаме Окненце да ни биде за убавини (да не речам барок), налицкано, пицнато, бонбона (со литература, унутра, со „аполитично занесени архитекти“, што би рекла Лиле Туризмот, со ентузијастично разиграни млади на сите полиња, од хор - глеам, имате - до ракотворби - еве, даам идеја; со интервјуа унутра на М. Манчевски, А. Станковски и други значајни културни фигури од лојалната алтернатива).
Политика - фуј! Се гнасиме од тоа, ние фините деца (во чие име апелирам). Со политика треба да се занимаваат најумните фигури во оваа симпатична и недоволно откриена земја: Јадибурек, Латасчо, Неделко, Златни Црни Грујо, Влатко Ѓорчев, А. 5см Николовски итн. Уствари, глупости зборам, со оваа земја тие љупки ликчиња треба да владеат вечно, а иначе со политика можат да се бават и симпатичнине од другите партии, кој им брани...
Тоа сакав да кажам. Исфрлете го Окнашот#1 - и доаѓаат пари од Министерство за култура! А?:) Фино звучи, не?! Да се бавиме со чиста уметност, а не со хејтање&ружење на легитимно избрана власт... Размислете малку за тоа!

 Која патологија еј... Осеќам

 Која патологија еј... Осеќам дека ствариве што ги ставате ви служат само како изговор некој клон да просерава досадни коментари под нив.
 
Хинт: прилогот погоре е составен од:

  • 2 реченици;
  • 1 фотографија;
  • 1 видеоклип.

Прилогот добива:

  • 5 шизофрени коментари;
  • 1 друг коментар.

Амин.

Билобил, за денес си заслужил

Билобил, за денес си заслужил кец+, ти честитаме! Еден од окнашите особено инсистираше на плусот ради тоа што си совладал употреба на италици&болдови. Жестоко се трудевме да ти го сјебеме плусот (со аргументација дека сепак си идиот), али малцинскиов Окнаш не се дааше. Така што, свечено, и уште еднаш, Билобил, браос! Конечно почна да напредуеш:)

ОкоБоли главаВицФото