Човечка формула

17.02.2010 14:09
poleposition_00134grand.jpg

Кој не се сеќава на POLE POSITION, една од првите видео игри со тркање на коли? Со Формула 1 во рацете, возачот треба да ги избегнува останатите возила и да помине што е можно повеќе километри.

За поголема возбуда, патот повремено се стеснува или, пак, ненадејно се стемнува и се намалува видливоста...

Најголемата трка со луѓе беше изведена на 11 февруари 2007, за време на фестивалот „The Game is up!“ во Гент, Белгија.

POLE POSITION е третиот видео перформанс на проектот GAME OVER, режиран од француско-швајцарскиот уметник Guillaume REYMOND од креативната агенција NOTsoNOISY (кој веќе ни е познат по видеото со Човечки тетрис кое беше претставено на Окно).

За да добиете целосен впечаток, препорачуваме да го изгледате видеото со звук.

 

ОкоБоли главаВицФото