Што се случи со Фејсбук?

15.02.2010 17:42
gameBig_yoville.jpg

„Твојот пријател гради куќа и му треба помош„, „Боже! Пингвинот се изгуби. Посвои го!“, „Пријателот те погоди со овца. Врати му!“, „Придружи и’ се на мафијата“, се само неколку примери за известувањата кои последниве месеци станаа вистинска напаст која се шири како чума низ најпопуларната друштвена мрежа, Фејсбук.

Првиврзаници на Farmville, Fishville, Mafia Wars, Vampire Wars, Cafe World, зоолошката градина, луна паркот и останатите интернет игри има сè повеќе, но исто така се зголемува бројот на оние кои поради нив бараат нови начини на комуникација. Имено, стана речиси невозможно да се комуницира на Фејсбук без притоа да не прочитате што му рекло некому неговотo „колаче на судбината“, колку мед направиле пчелите на нечија фарма или кој бил гризнат од вампир.

Класичните корисници на Фејсбук жалат по времињата кога главна споредна занимација на оваа мрежа беа изјавите на Боки 13-ка или Ѓорѓе Иванов, бидејќи барем тие цитати беа забавни. Овде имаме пеперутки, зајчиња, крави и рипчиња-ликови кои завладеаја со сите профили зашто секој сака да се пофали дека ја проширил фармата или кафулето, дека купил риба или добил нов член во својата мафијашка група.

Меѓутоа, сакале или не, сепак постои одреден бонтон кој на Фејсбук се применуваше на почетокот, а во него сосем сигурно не стои дека е пожелно да се „спамираат“ туѓите профили со информации како стојат работите со нашите интернет бизниси. Со тоа на некој начин е изгубена основната смисла на друштвената мрежа бидејќи главната намера е поврзување со луѓето со кои на некој начин сме го изгубиле контактот или запознавање нови луѓе со кои имаме нешто заедничко, на пример, деловни или општествени интереси.

Оние на кои друштвените мрежи им го значат токму тоа, веќе одамна почнаа да бараат нови начини за интернет комуникација, бидејќи Фејсбук денес изгледа како огромно детско игралиште во кое главна работа стана играњето игри, а не вистинското поврзување со луѓето кои поради некоја причина ни се битни. Зголемувањето на бројот на пријатели на Фејсбук денес најмногу се прави зашто корисниците сакаат поголем број членови во својата банда, повеќе соседи за кафуле или пријатели кои ќе им праќаат храна за рипчињата.

Неретко на секој сериозен корисник на Фејсбук му се случува за време на логирањето да не види ниедна корисна информација на насловната страница, бидејќи стана поважно да се даде пингвинот на посвојување или да се праќа цвеќе со верижни мејлови. Затоа денес никој не се чуди кога бесните корисници стануваат малку агресивни и на своите статуси ставаат закани од типот „Ќе ти ја запалам фармата и ќе ти ги убијам сите животни само ако уште еднаш ми пратиш барање да се вклучам во играта!“.

Кога се основаше Фејсбук, интернетот беше преполн со правила за однесување на оваа друштвена мрежа, бидејќи исто како и во вистинскиот живот, така и во виртуелниот свет постои нешто што се вика пристоен начин на комуникација. Едно од почетните правила на бонтонот беше дека не е нормално на сите да им покажувате фотографии од вашето домашно милениче само затоа што добило награда на некој натпревар. Нештата кои ни се чинат интересни не мора да им бидат интересни и на другите.

Затоа, ако забележите дека имате сè помалку пријатели на Фејсбук, пред да заклучите зошто некој ве симнал од листата на пријатели, обидете се да се присетите колку пати сте ја известиле таа личност дека сте биле гризнат од вампир. Можеби така сте му се качиле на глава и сте му здосадиле.

а можете едноставно да

а можете едноставно да потрошите по 3-4 минути и да им ставите ignore-all на сите тие requesti и да не ве замараат, затоа што првиот момент кога почнаа да ми досадуваат го направаив тоа, па сега сум далеку од досегот на сите тие напасти, или пак да внимавате кого имате за пријател, нормално ако имате 1000 пријатели, ке бидете бомбардирани од секакви глупости.

"а можете едноставно да

"а можете едноставно да потрошите по 3-4 минути и да им ставите ignore-all на сите тие "
WIN! :) Место да се нервираш, искористи ги опциите и одбери си ја содржината.

Ignore

Ignore all.
Hide.
/точка/
Просто, ко грав. :-))))

prosto ko grav :

prosto ko grav : DDDDD
nakratko, nema nikakov problem, samo ignore

ОкоБоли главаВицФото