Што се случува со нашата е-пошта откако ќе умреме

26.03.2010 12:42
emailIcon.jpg

Чувајќи дел од вашата е-преписка во тајност (љубовни, контроверзни, компромитирачки и др. пораки и сл.), никогаш не сте помислиле што ќе се случи со неа доколку ненадејно починете.

Шансите се големи дека целото ваше семејство ќе дознае за нив по вашата смрт. Тоа е така, бидејќи сервисите за е-пошта како Hotmail и Gmail немаат опција со која на корисниците би им овозможиле да прецизираат што да прават со нивните пораки откако овие ќе заминат во вечноста.

Всушност, сервисите за е-пошта кои се под капата на гигантите како Google и Microsoft имаат политика на чување на вашите податоци и по вашата смрт, и дозволуваат пристап на некој ваш близок или на адвокат овластен од вас. Сепак, овие сервиси не можат да чуваат илјадници е-писма – вашиот профил на Gmail може да чува до 7 гигабајти или отприлика 70 000 пораки со мали или средни прикачени слики.

Кога станува збор за бришење на податоците, Hotmail го брише секој профил кој ќе биде неактивен повеќе од 270 дена, додека Gmail ја остава таа одговорност на вашите блиски. Од тројцата најголеми сервиси за е-пошта, само Yahoo одбива да го продолжи профилот на корисникот кој починал. Неговите блиски можат да побараат неговиот профил да биде затворен, но не можат да добијат пристап до пораките. Од Yahoo велат дека единствена отстапка од ова правило се случува кога самиот корисник ќе наведе поинаку во својот тестамент.

Во меѓувреме, друштвената мрежа Facebook неодамна објави меморандум со кој се дозволува семејството на починатото лице да продолжи да го оддржува неговиот профил на интернет како виртуелна посвета за него. Од друга страна, од MySpace велат дека дозволуваат пристап до профилите на своите корисници само во одредени и специфични случаи кога на семејството на починатото лице му се потребни информации од „чувствителен карактер“.

Извор: unitechblog.com

ОкоБоли главаВицФото