Робомобилен телефон

09.03.2011 13:53
Робомобилен телефон

Дали сте слушнале за мобилен телефон што личи на робот кој може да зборува, да слуша и да свети? Време е да се запознаете со новата генерација роботички телефони – Елфоидите.

Компаниите NTT Docomo и Qualcomm се споија со роботските истражувачи од универзитетот во Осака и ги создадоа овие уникатни хуманоидни мобилни телефони.

Се работи за хуманоидни телефони кои имаат вградени звучници и камера, како и светилки на градите кои светкаат кога телефонот е во употреба. Причината поради која се решиле за ваков облик е тоа што тие сакале да создадат еден вид „физичко присуство“ за време на комуникацијата меѓу огромни далечини.

На некој начин, стискајќи ја оваа „кукла-телефон“ во рацете вие треба да имате чувство дека разговарате лично со лицето од другата страна наместо дека разговарате со метална кутија. Овие роботи не можат да се движат, но се работи на тоа тие набрзо да можат да ги движат очите, устата, вратот и рацете. Останува само прашањето – а каде се копчињата?

Извор: awesomenator.com

ОкоБоли главаВицФото