Вокменот замина во пензија

26.10.2010 15:04
Вокменот замина во пензија

Откако во март годинава ја пензионираше флопи дискетата, електронскиот гигант Сони ги запре производството и дистрибуцијата на уште една сега веќе застарена технологија – вокменот кој користеше аудио касети (Walkman).

Инаку, овој уред беше првиот преносен касетофон кој поради својата цена беше пристапен за просечните купувачи.

Според пишувањето на ИТ медиумите, последната пратка вокмени во продавниците била пратена во мај, а откако ќе се продадат овие примероци повеќе нема да можат да се најдат.

Првата генерација вокмени беше пуштена во продажба на 1 јули 1979 г. Иако подоцна постигна огромен успех, вокменот на Сони во првите месеци беше продаден во само 3000 примероци.

За време на својата 30-годипна кариера вокмен купија повеќе од 200 милиони среќни корисници.

Најавата за престанување на производството дојде само еден ден пред 9-годишнината на iPod на пазарот. „Смртта“ на вокмените ја предизвика огромната побарувачка за дискмените во текот на 90-те години.

ОкоБоли главаВицФото