1011 hPa
56 %
20 °C
Скопје - Саб, 04.05.2024 17:32
Ние, идните архитекти и градители на Македонија, им ветуваме на граѓаните дека ќе дојде денот кога овие безвредни (а скапо платени) кичести, шупливи, псевдо-историски, срамни и лажни фасади ќе ги отстраниме од вистинското лице на архитектурата на градот! Ќе ја отстраниме стилската гипсена униформа која ја изработува една фирма, а со која се покриваат вредни дела на десетици македонски архитекти - автори од различни историски периоди!
И тоа нема да го направиме од позиција на моќ или некаков авторитет, како што тоа го прават сегашниве длабоко исфрустрирани и прости политичари! Отстранувањето на лажните фасади ќе го посакуваат граѓаните, како што посакуваа да се реконструира стариот театар! Тоа ќе биде на некој начин фасадна археологија на која сите ќе ѝ се радуваме - повторно откривање на вистинската историја на градот и сите негови културни слоеви - затоа што само вистината е убава и вредна! Порано или подоцна тоа ќе го сфатат сите, или барем повеќето граѓани.
Извор: Фејсбук