Фраерот и (Не)заборавениот

27.04.2010 11:11
ana-27-04-2010.jpg

Живееме во земја која е колаж од многу интересни концепти. И географски и културно и општествено. Зависно кого ќе прашате или кој речник ќе отворите, ќе добиете неброен број описи. Земја сместена во централен Балкан од 25.713 км2 без пристап на море или земја од дваесет и кусур квадратни километри и уште неколку пати по толку „украден“ пристап на море. Копча на световите, раскрсница помеѓу истокот и западот. Папок на светот или слепото црево на Европа. Мултиетничко општество во коешто спокојно и сигурно се надополнуваат двете најбројни религиозни групи и култури – христијанството и исламот - или земја на православци, приморани да го трпат налетот на муслиманите. И трета варијанта: мултиетничко општество под притисок на православно инспирираниот национализам. И општествено, секако, имаме земја на мирољубиви патриоти и земја на националистички идиоти. Секој опис има своја позадина за којашто секој може да пронајде – помалку или повеќе – веродостојни аргументи. Делот кој напати изгледа многу поразновиден и интересен, а кој во суштина е многу поедноставен за разбирање и веродостојно прифаќање е политичко-економскиот, поточно лидерството зад него; посебно на државно ниво.

Честопати слушаме дека Македонија е политички систем кој наизменично го водат политички лидери кои се европски ориентирани демократи кои работат на економска интеграција со светот или тесногради конзервативци и анти-глобалисти. Сепак, во принцип, барем изминативе дваесетина Македонија не е толку земја на различни (и наизменични) идеологии и идеалисти (лидери) колку што е земја на два карактерни политички шаблони. Постарите би ги нарекле Курто и Мурто, но во име на не толку клишеизираните метафори да ги наречеме “Фраерот“ и „(Не)заборавениот“ (со надеж дека читателите полесно ќе ги препознаат нивните карактерни синоними од минатото).

Пред неполни три години, “Фраерот“ се појави на отворањето на млекарницата Сведмилк и официјално наздрави (со јогурт!) во име на „огромниот производен капацитет“ кој за една година требаше да ни донесе 18 милиони евра. Наместо тоа, по само две години инвестициониот „успех“ се претвори во долг од 36 милиони евра и 4 милиони була поделена помеѓу 3000 фармери кои заглавија со банкарски кредити бидејќи целокупниот свој имот го вложија во ветениот сон на “Фраерот“. Загрижен за нивната иднина по неполни 3 години како спас се појави „(Не)заборавениот“ кој го потсети „Фраерот“ дека е одговорен, зашто на предизборните спотови менаџерот на „Сведмилк“ го фали токму него.

Минатата година се запали македонскиот културен бисер – манастирот Св. Јован Бигорски. “Фраерот“ не почека да потрча и сесрдно да го отвори буџетското ќесе на граѓаните и оддели цели 10 илјади евра за монашкото братство. Потоа оддели и додатни 300.000 евра од Владата за санација на штетите проценети на 5.5 милиони евра. Во меѓувреме поради сенката која ја фрлаа плановите за „зачувување на македонското културно богатство“ со милионските суми за градење на 30-метарскиот Александар Велики помина еуфоријата околу Бигорски.

За среќа, тука е „(Не)заборавениот“, кој неодамна потрча да ги посети монасите и несебично одвои 100.000 денари и го потсети „Фраерот“ дека би било многу поразумно „со парите предвидени за црква и џамија на скопскиот плоштад да се обнови изгорениот дел на Бигорски и да се санира патната мрежа по долината на Радика“.

Доаѓа лето, а со него ќе почне и ревитализацијата на Старата скопска чаршија - секако, доколку му веруваме на “Фраерот“ и ветувањата што ги даде во февруари, кога изјави дека Чаршијата ќе биде вклопена во проектот „Скопје 2014“. За и оваа негова идеја да не се претвори во уште еден памфлет, за неполн месец по уличките на Чаршијата се појави „(Не)заборавениот“ да го потсети „Фраерот“ да престане да се расфрла со пари за грандиозни споменици и да не ги заборави жителите и дуќанџиите од овој важен дел на старото Скопје.

„(Не)заборавениот“ брзата реакција во однос на Старата скопска чаршија набргу ја објасни преку јавниот повик за ТВ дуел до својата шаблонска опачина. „Во услови на економски колапс, блокирани евроинтегративни процеси и нарушени меѓуетнички односи“ на „(Не)заборавениот му дошло преку глава од „Фраерот“ и неговите послушници коишто „24 часа седум дена во неделата говорат за она што се случило пред 10 и 15 години“. Загрижен за иднината на земјата го повика на дуел, на што „Фраерот“, очекувано, како вистински „Фраер“, одмавна со раката.

Благодат е секое политичко општество кое за секој „Фраер“ има по еден разумен, „(Не)заборавен“ сметководител. За жал – праксата покажала – разумниот секогаш е во опозиција. Оттука, ме плаши најновата пофалба и ветувањето на “Фраерот“ при посетата на Скопската зоолошка градина.

Но, пред тоа мала дигресија. Се сеќавате ли на Џим Стрикланд кој дојде од Флорида да му помогне на “Фраерот“ да избере фраерска капа (каубојски шешир!) пред некоја година?! Не чудете се доколку не се сеќавате, зашто покрај фотографските моменти со каубоецот од Флорида кој требаше да го развие говедарството во Македонија, во тој период “Фраерот“ се отепа од фотографирање при најавувањето цел куп други проекти. Меѓу другото, стануваше збор за стокатници во центарот на Скопје (за да има каде да се сместат потенцијалните инвеститори), инвестиоционен економски бум, наплатни рампи, компјутери за развој на училиштата (изостанаа штекерите па компјутерите никако да проработат), а развиваше и план за многудетни семејства и помош на социјално загрозените семејства. Нејсе, од сите тие ветувања му остана само шеширот, а изостанаа говедата на Стрикланд кој изгледа не можеше да го развие говедарството во Македонија „поради тропската клима“, а ниту да ги донесе портокалите со чии кори се надевавме дека барем ќе можеме да ги прехраниме светските говеда.

Оттука, на македонскиот „каубоец“ со фраерско потекло денес не му остана ништо друго освен онаа хуманитарна катастрофа од 12 хектари, таканаречената Зоолошка градина во која тешко виреат бактерии, а камоли говеда. Да се надеваме дека во посета на истата наскоро нема да дојде „(Не)заборавениот“ за да го потсети „Фраерот“ на ветувањата коишто ги даде при посетата на истата пред некој ден. Да се надеваме и дека “Фраерот“ нема да реши да престане да биде „фраер“ баш по ова прашање и следниот пат кога ќе се пожалиме дека во Македонија не се живее хумано, да ни покаже со раката кон новореновираниот зоолошки дом. Дури тогаш ќе нè остави без зборови неговото „визионерство“, а тој ќе добие медал за успешен развој и одгледување на македонските говеда.

Истовремено, да се надеваме дека „(Не)заборавениот“ во следниот изборен политички циклус нема да заборави каде сè трчал пред тоа, и дека нема повторно само да го смени т.е. позајми шеширот, иако, судејќи според искуството, за жал, шансите за тоа се подеднакво големи како шансите Македонија да стане светски извозник на нилски коњи.

Слики: Bruce Wilhelm

ок

браво. серење. одлучи сама.

„Фраер“, а не

„Фраер“, а не “Фраер“.

Квалитетно серење :) и една

Квалитетно серење :) и една печатна грешка. Ашколсун!

 Слабо и без поента.

 Слабо и без поента. Сведмилк, Св.Јован Бигорски и Зоолошката градина? WTF..

!!!!

!!!!

"Благодат е секое политичко

"Благодат е секое политичко општество кое за секој „Фраер“ има по еден разумен, „(Не)заборавен“ сметководител".
Вака клечачко снисходљив став за разумниот незаборавен БЦ ни Шема не би смислил.
Добро Ана, вака отпосле кога си го читаш ова, не те фаќа малку резил од себе?
 

 Не бе Чико си пишуваат и

 Не бе Чико си пишуваат и гајле немаат, коља ќе ги потапша - well done! Они се као против сите едните ги плукаат жестоко другите ги потплукнуваат а коа ќе дое денот на изборите "со тешко срце" гласаат за ЕсДеЕс, толку од "прогресивната и авангардна омладина".

Едно та исто другарче

Едно та исто другарче заглавено во истите псевдоними од последните „книжиња“ кои ги читало :) Би било полезно да отворетеречник да научите што е иронија пред да паламудите со глупи коментари.

a vas ne ve fakja rezil da

a vas ne ve fakja rezil da komentirate na "glupi" tekstovi so ushte poglupi komentari ili samo taka vi e raste?

 „клечачко

 „клечачко снисходљивиот“ ...проблесоци од коментари

Никој не рече дека е глуп

Никој не рече дека е глуп ставот на госпоџицата, ама кој си ја има мувата на капата...и зашо се поврзувате со секс ја не знам. Недостаток? Сексуална дезориентација? 

Навистина г-дине Гелевски

Навистина г-дине Гелевски почнавте да толерирате премногу млакост и анемичност кај Вашите соработници. Во име на важноста на Окно апелирам да не дозволувате да девалвира. Ако некој е во креативна инволуција, редно е да регрутирате нови луѓе повеќе мотивирани!

Гелевски можеби треба да

Гелевски можеби треба да почне да регрутира нови коментатори или да ги игнорира постоечките кои покажуваат недостаток на капацитет да разберат едноставен и млак текст. Што ли ќе читаме да почне да објавува покомплицирани.

Па ако и понатаму се

Па ако и понатаму се продуцираат вакви „недоволности“  богами ќе треба да плаќа коментатори, бидејќи по природен тек на нештата нема да ги има. Секако мојот коментар гарниран со голема почит за г-динот Гелевски, и неговите напори!

Слични содржини

Ана Ангелова
Ана Ангелова
Ана Ангелова
Ана Ангелова
Ана Ангелова
Ана Ангелова
Ана Ангелова

ОкоБоли главаВицФото