1020 hPa
100 %
12 °C
Скопје - Чет, 16.05.2024 13:08
Фотографии од промоцијата на книгата „Гуш и Бац“, одржана на 2 декември во Чифте Амам, ден пред одбележувањето на меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Во рамките на промоцијата беше поставена и изложба на илустрациите поместени во книгата. Станува збор за 47 слики создадени од 33 креативни луѓе. Во сликите се содржани зборовите на единаесетгодишната аутистична Ерато Кардула.
Средствата собрани од продажбата на книгата и на илустрациите се наменети за реедукација, односно работа со дефектолог и логопед на оние дечиња со аутизам кои не можат да си го дозволат тоа.