„Маршираме храбро!”

31.03.24 13:11

Во пресрет на 31 март – Меѓународниот ден за видливост на трансродовите луѓе, граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА” организираше марш под мотото „Маршираме храбро – 5 години видливост”.

„ТрансФормА” стои решително во својата посветеност да оддаде почит на сите оние кои ги изгубивме поради насилство и дискриминација што ја туркаат трансродовата заедница на маргините од општеството, истовремено застапувајќи се за иднина каде трансродовите лица ќе може да живеат отворено, безбедно и достоинствено.

Во оваа прилика, исто така се означува петтиот последователен Марш на видливоста на трансродовиде луѓе во Скопје, што е уште едно сведоштво за неуморна одлучност на иницијативата да се бори за еднаквост и правда за сите.

Денот кој се одбележува е исто така и важен потсетник за тековните борби кои се исправени пред трансродовите лица ширум светот и во Северна Македонија. Тоа е ден за размислување и аналазирање на системските неправди кои продолжуваат да ги поттикнуваат насилството и дискриминацијата кон трансродовите лица.

Видливоста е вистински предизвик за стереотипите, ги разобличува заблудите и придонесува трансродовите луѓе да бидат прифатени како луѓе. Петтиот последователен Марш за видливост на транс луѓето во Скопје е всушност доказ дека трансродовите лица одбиваат да бидат избришани или замолчани, продолжуваат со својата битка да бидат прифатени како интегрални членови на општеството.

Сепак, и покрај веќе постигнатиот напредок, не можеме и не смееме да си дозволиме да го игнорираме ширењето страв кој го предизвикуваат конзервативните анти-родови движења. Овие движења се обидуваат да ги поткопаат правата и достоинството на трансродните лица преку шрење лажни вести, поттикнување паника, поттикнување дискриминација и сеење омраза. Мора да ја отфрлиме оваа штетна реторика и да ги поддржиме вистинските семејни вредности: емпатија, разбирање и безусловна љубов.

Семејните вредности не подразбираат омраза, злоупотреба или неприфаќање на другите или поинаквите. Напротив, тие подразбираат инклузивност, поддршка и почит кон секоја индивидуа, независно од родовиот идентитет. Како општество, имаме заедничка одговорност да овозможиме трансродовите лица да ги имаат истите права и можности како и сите други. Мора да стоиме солидарно заедно и да им пркосиме на предрасудите и дискриминацијата, каде и да се појават.

„На денот на видливоста на трансродовите лица сакаме да апелираме до широката јавност: да се обидиме заедно да ги прифатиме трансродовите луѓе како луѓе кои заслужуваат љубов, почит и прифаќање. Да се залагаме за иднина каде сите ќе можат да живеат автентично и без страв од насилство или дискриминација.

Заедно, можеме да направиме позитивни промени. Заедно, можеме да направиме разлика. Заедно, можеме да направиме трансродовите лица да бидат видени, чуени и вреднувани како и сите други луѓе и да не заборавиме дека трансродовите права се и основни човекови права”, велат од „ТрансФормА”.

 

Извор: https://transforma.mk

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото