1018 hPa
88 %
14 °C
Скопје - Чет, 16.05.2024 17:41
Оваа година за прв пат се организираше Скопје ред лат дистрикт, перформанс кој има цел да им го доближи на граѓаните на Македонија шармот на Црвените фенери во Амстердам, но и да испрати порака за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници.
„Пораката како и секоја година е иста, насилството врз сексуалните работници треба да престане, притоа бараме мерки од самата полиција, од надлежните институции. Наместо да ги маргинализираат и социјално да ги исклучуваат сексуалните работници, да преземат мерки кон нивна заштита, пред сè од насилство“, велат од организаторите од иницијативата Стар-Стар.
Подолу можете да погледнете фотографии на Ванчо Џамбаски од настанот кој се одржа на 16 декември.