1016 hPa
94 %
10 °C
Скопје - Нед, 05.05.2024 01:59
Нова урбана уметничка акција. Во центарот на Струмица, се појавија натписи кои на струмички ги предупредуваат минувачите: „Се клаце!“ и други на кои пишува: „Плочник ли е ова?“, „Вимавај, раскалтени плочки“.
Активистите што ги изведуваат овие урбани уметнички акции напишаа: Општина Струмица се обидува да го поправи плочнкот на централниот плоштад, но наместо целосно и трајно решение, општината со денови го крпи плочникот кој е во катастрофална состојба.
Колку ќе траат крпениците ќе видиме. Дотогаш наша поддршка за граѓаните на Струмица.