Што е тоа разумен компромис?

15.09.2010 11:29
esao_andrews_01.jpg

Да ви кажам искрено уште ми одѕвонуваат во ушите инстант легендарните зборови на Претседателот: „Тоа е разумен компромис, не можам да ви објаснувам, сфатете го!

Е па јас откако се изначекав некој од новинаришчава да ми го изобјасни, и откако нацијава по година дена не го сфати, решив да си го сфатам! Та ти тргнав во одисеја на разбирање што е тоа разумен компромис. И си думам: Претседателот е искусен даскал, веројатно знаел што зборува и оп-цуп скокнав и се одважив да барам каде е тој разумен компромис, не губејќи ниту миг надеж дека тој безбели постои. Само треба да се најде, нели?

Бидејќи живееме во време на интернетот, прво што направив го изгуглав разумниот компромис. About 470,000 results!!! ОМG!!! Веднаш сфатив дека мојата потрага по разумниот компромис ќе биде долга и напорна, понапорна и од Александровата распаљотка со јазолот. Па ми надојде некоја големоалександровштина и цврсто решив со линкови во коштец да се фатам компромис разумен да сфатам. И на прв линк-клик сапрајз! Романија подржува разумен компромис за името! Значи дури и Романците разбрале што е тоа разумен компромис, а ние овде по Македонијава уште не? Па ме фати патриоцки инает и уште поцврсто зааздисав по интернетов да раскликам до суштината на разумноста на компромисот.

Откако првичните обиди ми завршија со поприличен #fail логично ми беше да ги побарам одговорите на „http://odgovori.mk“, со наум и надеж дека некој чесен и мудар веќе го нашол одговорот и дека можам да се потпрам на колективната интелигенција на оваа нација. И читам, и се спомнува тука „заемна отстапка“, „решение прифатливо за двете страни“, и слично, но ова повеќе ми личеше на објаснување на тоа што е компромис, а одговорите не ме задоволија. И продолжив па најдов уште еден обид за сфаќањето на разумниот компромис: „разумен компромис е всушност порака до Атина дека посегањето по идентитетот е неразумно“. Океј, кул, звучи разумно. Но, сега знам што не е тој, но не и што е! Лелеј, морници ме лазат, гледам компромисов не само што не се открива лесно, ами и некако ми бега низ прсти.

И се вдадов во нова потрага: во светилиштето на македонската демократија - кафеаната, таа агора наша и прапочетокот на сето политичко! И заседнав со пробрани кафеанџии и зборуваме, муабетиме, прашуваме, распрашуваме, што ли би можело да биде компромис разумен? Едниот соговорник ми кажа дека разумен компромис е кога тој и неговиот школски ќе се распостелат во кафеана и кога не можат да се договорат кој да плати, па доаѓаат до разумен компромис со тоа што ја ставаат сметката на рабуш кај газдата на кафеаната. Вицкасто, да, им признавам јас, ама што аир имам јас од вашево терање компромиси со газдите, од кафеана до кафеана?

И откако не го добив тоа што го барав, ме посоветуваа да се обратам кај жена ми. Зошто баш на неа, им враќам јас, а они мене во глас: Па бракот ти е еден голем компромис каде низ сите страсти и искушенија мора да преовладува разумот, добри шанси се дека токму таму ќе најдеш некој одговор што ќе те задоволи. Добро, им заблагодарив јас, и поаѓам дома па ја прашувам мојава: Ај мори жено, да не знаеш што е тоа разумен компромис? Што чуден те гледам, ми возвраќа таа, а да си најдеше попаметна работа, а? Море дај кажуј ма ако знаеш, врвка е работава, за Македонија се работи и ‘ногу ‘ногу е важно. Она некако неволно подзастануе важно, клава прст на глава и по две три думи ми враќа: Јас мислам вака: компромис и тоа најразумен можен е кога ти сакаш да купиш нов телевизор за да гледаш лига на шампиони, а јас сакам да купам нова бунда и компромисно ќе се договориме да ја купиме бундата. Ах, о темпора, о море жено, гледам нема лек овде за моите маки, и одмавнувам со раката и излегувам. Ај кога сум толку очаен да го прашам и син ми. Па го прашувам и него, компромис разумен што е? Дума, дума и тој па ми вели: Тато се сеќаваш лани кога донесов кец по математика на полугодие? Да, потврдувам поднамуртено јас. Е па тогаш, продолжува тој, кога ви ја покажав книшката сакавте да ме тепате и ти и мама, и кога не можевте да се договорите кој, ме изнатепавте и двајцата. Да, потврдувам јас троа горделиво кон реафирмацијава на мојата семејна авторитетност. Е па јас мислам дека вие тогаш постигнавте за вас разумен, а за мене болен компромис.

Хмм, си викам, јас, гледаш и од помладиве можеш нешто да научиш, компромисот можел и да бил болен иако е разумен?

И каде сега, си велам, ајде да пробуричкам низ книгите, низ списите и книгиве мои вредни, па да можеби најдам таму решение за моиве потраги по компромисот низ беспаќава на разумноста. Ниче ми вели: Компромисот е невозможност на двајцата во спорот да ја наметнат својата волја. Во ред, ама еден друг уште џоа помудар вели вака: секој компромис е друго име за пораз. Тееј, многу дефетистички, како и обично од филозофиве не можеш ништо практично да измолзеш, се откажувам од листање книги, па се јавувам на близок пријател. Добро другарче, добар бизнисмен, држи дечкото спортска обложувалница, па белким знае што е компромис со солидна доза разум во себе. И зврц-зврц, ало-ало, кафе-мафе, ајт-мојт. И седнуваме на кафе, јас ниптенишес, кажи ми дали знаеш ова-она за компромисов на Претседателот, а тој ми вика: Ха, ова го знам, се смешка тој, тоа ти е кога двајца треба да поделат нешто меѓу себе, ама во исто време и двајцата мора да веруваат дека добиле повеќе од другиот!
Ама, како, се бунтувам со сето мое Рационално Јас! Тоа не е компромис, тоа е далавера! Ех, пријателе мој, игзекли, секој балкански компромис, особено во бизнисот и политиката, мора да тргне од некаква далавера. Еве земи еден типичен мој муштерија: цела година, секоја недела, секое коло, уплаќа по 50 денари, 50, па 50, па 50...и еднаш ќе добие 1500 денари за тикетче од 50 денари и заминува среќен со умисла дека добил“! Е тоа ти е пријателе компромисот, да си заминеш дома со увереност дека си добил повеќе од другиот!

И така замислен како се компромисот вирее и живее низ ова наша убава земја, заминав по дома изморен но со силна волја да продолжам да го барам овој Биг фут мој, разумниот компромис.

(продолжува... потрагата)

Слики: Есао Ендрјус

Па одговори очигледно и има

Па одговори очигледно и има (ти одговориле на Одговори.мк, не?), ама тебе очигледно ниеден одговор не ти се допаѓа.
 
Али чекај јас да те извадам (пред да се извадиш ти со следниов глуп изговор): Ма не, ма како, тие се сите испрани мозоци! Очигледно, за просечниот Окнашиспран значи мозок што всушност размислува... Ебате беља ебате.
И кај кој е сега проблемот? И кој е тука сега луд? Изгледа пак Окнашот. Кој пати од синдромот глупо дете. *рони крокодилски солзи*

 Инаку, интересна низа на

 Инаку, интересна низа на прашања. Па дури те бришеле ради непочитување на правилата и некоректно, неучтиво однесување (ах, Окнаши, ах!).
 
 

 Оваа низа

 Оваа низа прашања: http://odgovori.mk/?p=1163

Ако од околу 200 држави во

Ако од околу 200 држави во светот, единствено и само грција има проблем со нашето име Македонија, и од тоа прави белосветски проблем и ни создава маки и постојано не блокира последниве 20 години, единствениот логичен и разумен компромис може да биде само еден: двојна формула, односно да се согласиме со отстапка (јас лично со никакви отстапки не се согласувам кога е во прашање слободата на на нашето постоење и живеење - преточена преку нашето име Македонија) која ќе важи само за нив и за никој друг. Значи посебен третаман само за нив, затоа што само тие имаат проблем со нашето име. Другите (мнозинството) држави немаат, па мнозинство држави (околу 127) и не признаваат под нашето вистинско, единствено, вековно име - Македонија. Ете тоа (според мене, но и според здраворазумната логика) е разумен компромис. Само тие имаат проблем, само за нив ќе најдеме решение. А за се друго по демократски пат ќе решаваме. Штом мнозинството држави не признало како Македонија, нема што тука да се преговара, се знае: меѓународно признавање на Македонија под нејзиното вистинско, единствено, вековно име Македонија. Тоа би било од мене, поздрав.

Tvojot Big Foot,odnosno

Tvojot Big Foot,odnosno kompromisot, ti go kaza Grujo,da ne gubis mnogu vreme vo trazenje .... Demokratska Republika Makedonija ili Republika Narodna Makedonija ili vo nivna slicna varijanta,ti teknuva??????

 http://www.novamakedonija.co

 http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91610957246&id=9&setIzdanie=22084
 
„Долгорочната цел на Македонија е да стане дел од Европската Унија. Се разбира, за тоа ќе биде потребно многу труд и многу време. Не прифаќаме преговори за промена на името или иницирање варијанти на имиња.
- Бранко Црвенковски, 1995
 
„Се разбира, за тоа ќе биде потребно и многу труд и многу време. Меѓутоа, период од десетина години можеби е многу во животот на еден човек, но во историјата на една нација, тоа е само миг.
- Бранко Црвенковски, 1995
 
Не сум знаел дека овој Бранко Црвенковски бил поголем наци(оналист) од Никола Груевски, па дури и понебањат и понеевропски оритентиран граѓанин!
 
Прашање: Бранко е претседател на СДСМ, или на ТМОРО-ВЕП? Лицемер е, а оние што го поддржуваат се очигледно глупи, пациенти што страдаат од амнезија, или и самите уште поголеми лицемери.
 
Пак најавила нов период за Македонија и ЕУ 

„Интересно е дека во ноември 1995 година во Македонија дошла и Дорис Пак, европарламентарката чие име се вмеша во дебатата за пропуштените шанси што ја почна претседателот Ѓорге Иванов. Пак, која била дел од делегацијата на Европскиот парламент што ја посетила земјава, тогаш изјавила дека по потпишувањето на Привремената спогодба може да почне нов период на решавањето на прашањата меѓу Македонија и ЕУ.
 
Поздрав.

А, коа ќе помислам дека Грујо

А, коа ќе помислам дека Грујо прифати Република Македонија (Скопје), што веројатно значи дека може да ни се обраќаат само со Скопје, па и прими награда како премиер на ФИРОМ, изгледа дека навистина не бил таков националист и борец за името. Видиш Грујо ти бил прв предавник и грчки платеник, згора на се’ и соросоид.

 Да, секако! Но само откако

 Да, секако! Но само откако ќе смени било што. Бранко води 3:0 во предавштина (смени знаме, преамбула и ја допушти референцата под која сега сме познати по светот, а за која сеа Грујо ви е крив), и сеа се нуди да не’ опраи уште еднаш, ко проститутка која еднаш не’ заразила со трипер. А нејќел ни да преговара тогаш, али сеа Грујо е крив што преговара, но Грујо е крив и кога не преговара, а и коа праи нешто сосема трето Грујо е пак крив. Константа: Грујо е секад крив за све и свашта, без разлика.
 
Грујо е крив што седнал да го разгледа предлогот Република Македонија (Скопје) кој и онака ќе идеше на референдум (преговара, пу, предавник!)
Грујо е крив што вчера рече дека ќе бара датум без решение со Грција (не преговара, пу, националиста!)
Грујо ќе биде крив све додека некој не реши да разговара со цел панел психијатри и да си напраи еден огромен reality check.
 
Идиоти...
 
Така да, си се заебал дека Грујо е соросоиддруже. Од Грујо до Бранко, пииии... планета и пол. Иди глеј си ги хиперлицемерине во (к)опозиција. И пиј Билобил Форте.

Разумен Компромис во овој

Разумен Компромис во овој случај е Компромис со Разумот.

ОкоБоли главаВицФото