Древниот предок на суперкомпјутерот

06.09.2018 13:21
Древниот предок на суперкомпјутерот

Фотографијата пред вас е направена во 1983 година во ЦЕРН, Европската организација за истражувања и е дел од сведоштвото за развојот не само на нуклеарната физика туку и компјутерите и податоците што ги запишуваме во нив.

Во тоа време се подготвувал почетокот на еден од големите експерименти во ЦЕРН, ЛЕП (Large Electron-Positron collider) судирач, своевремено една од најимпресивните научни машини која од 1989 до 2000 година се користела за судирање на електрони и позитрони.

Податоците добиени од експериментот со ЛЕП судирачот пристигнувале преку заплеткани врски до предците на денешните дата центри на ЦЕРН. Сите податоци добиени со текот на годините, вкупно 400 терабајти, не можат да се споредат со количината податоци кои во наше време се добиваат преку работата на оваа најголема европска научна лабораторија, а годишно изнесува околу 50 петабајти (1 петанајт - 1.000.000.000.000.000 Б).

Имено, акцелераторот ЛЕП со кој физичарите од осумдесеттите години дошле до неколку клучни откритија во областа на физиката на елементарните честици го замени најмоќната истражувачка машина на денешницата – акцелераторот ЛХЦ, Големиот судирач на хадрони, на чии детектори се снимаат сударите на честичките и се создаваат сите тие терабајти со податоци.

Извор: http://naukakrozprice.rs

ОкоБоли главаВицФото