Забраната на порнографијата е невозможна

27.12.2010 15:30
Забраната на порнографијата е невозможна

Интернет испорачувачите во В. Британија наведуваат дека целосната забрана на порнографските содржини на интернет е технички неизводлива и многу скапа, а борците за граѓански права се плашат дека тоа е опасен преседан кој ќе доведе до цензура на интернет содржините.

Неколку дена откако британскиот министер за култура, Ед Вајзеј, објави дека размислува за блокирање на сите порнографски содржини, стигнаа и првите реакции.

Први се јавија интернет испорачувачите кои велат дека се отворени за разговор на оваа тема, но предупредуваат дека корисниците пристапуваат до порнографски содржини на многу начини, преку интернет, преку групите за вести, на форумите, преку директна размена на содржини и преку мрежите за делење на содржини, што технички ќе биде многу тешко да се блокира.

Тие напоменаа дека постојат многу начини за заобиколување на филтерите кои во случај на забрана би биле спроведени, и забраната би можела евентуално да спречи случајно наидување на порнографска содржина, ама не би ги спречила корисниците кои целат на такви содржини.

Интернет испорачувачите и групите за граѓански слободи предупредуваат дека поголемиот дел од порнографските содржини на интернет се незаконски и дека треба да се создадат законски предуслови за толкавата масовна блокада на законските содржини, а масовните блокади по грешка би можеле да ги опфатат и страниците кои не спаѓаат во таа категорија.

Борците за граѓански права посебно се загрижени поради фактот дека ваквата забрана би можела да претставува преседан по кој би се тргнало во масовна заштита на авторските права и многу брзо би се дошло до тоа владата да одредува кои страници можат да ги отвораат граѓаните, а кои не. Алузиите на Кина и нејзината контрола на интернетот која ја осудуваат сите западни влади се повеќе од јасни.

Извор: b92

ОкоБоли главаВицФото