Ковидот изискува индивидуално чојство и конструктивен колективен страв

31.07.2021 11:27
Ковидот изискува индивидуално чојство и конструктивен колективен страв

Луѓето честопати не разбираат дека проблемот со пандемијата не е прашање на индивидуалниот „страв“ и „параноја“, туку на елементарна општественост, елементарно прифаќање на живот во заедница со други луѓе.

Имено, ковидот да е незаразна болест од која луѓето се разболуваат индивидуално, без директно влијание врз останатите луѓе (1), како кога, да речеме, ќе го расипеш стомакот затоа што си се прејал ментол бонбони, ковидот би бил политички и општествено ирелевантен, а стравот од ковид би можел да се сведе на индивидуален проблем. Шансата дека ти поединечно ќе умреш од ковид или сериозно ќе се разболиш е доволно мала, особено ако не си стар или болен што не треба да се грижиш за тоа: направи сè што зависи од тебе и избркај го стравот. (Јас, на пример, бев потполно сигурен дека за мене ковидот е релативно безопасен и кога есеноска се заразив и се разболев, само почекав да помине болеста, целосно изолирајќи се за да не заразам други луѓе.)

Меѓутоа, ковид не е незаразна, туку ЗАРАЗНА болест. Тоа значи дека опасноста пред сè е КОЛЕКТИВНА а не индивидуална: ковид првенствено го напаѓа општеството, па дури пота поединците. Ковид е структурна и системска работа. Затоа епидемиолошкиот одговор е поважен од медицинскиот. Затоа од ковид не треба да се плашиме индивидуално, туку колективно. Ковидот изискува ИНДИВИДУАЛНО ЧОЈСТВО и КОЛЕКТИВЕН СТРАВ, конструктивен колективен страв, кој во зрело општество би требало да доведе до консензус за колективни мерки, како програмата Test-Trace-Isolate, социјалната помош, агилната организација, универзалната вакцинација, итн.

На пример, клинецот кој минатата есен висел по скриените белградски журки, а ги имаше многу, имаше добри шанси ковидот да го прележи асимптоматски и да не знае дека се заразил, но патем да зарази – и така да ги убие – неколку постари членови на своето семејство. Клинецот веројатно не ни бил свесен за тоа: индивидуално се чувствувал здрав, не „параноишел“, „се опуштил“, „останал слободен“, а овие што умирале околу него – па јеби га на секој му доаѓа денот, веќе биле болни, умреле „со“ ковид а не „заради“ ковид (или како веќе идат тие одвратни мантри).

Затоа ковид е централното прашање на оваа епоха, затоа што докажува дека Тачер не беше во право: општеството и тоа како постои, колективот постои, еве го, се наоѓа насекаде околу тебе и солидно е мерлив. „Да се остане човек“ требаше да значи токму тоа: да сфатиш дека не си поединец во вакуум, чија слобода се сведува на самоволие. Да сфатиш дека ништо на овој свет не е само твоја работа.

И тоа е она што кризите на 21. век – климатските, еколошките, економските, психолошките, итн – го бараат од нас, тоа е можеби и главната работа која ја изискуваат од нас: да се збогуваме со вулгарниот индивидуализам.

Кој разбира дека слободата пред сè е слобода од сопственото его – ќе се радува на тоа збогување.
_______

(1) Луѓето се психо-био-социјални животни: врз здравјето на поединецот влијае целото општество, индиректно и тоа важи за повеќето болести, од астма до депресија. Па сепак, постоја заразни болести како ковид кои се интензивно и директно општествени, чијашто суштина е во тоа пт не се индивидуални туку колективни.

 Слики: Francisca Lita Sáez

ОкоБоли главаВицФото