ЦИВИЛИ ЗА ЦИА

25.03.2022 15:23
ЦИВИЛИ ЗА ЦИА

 

На сложен народ не му треба водач.
На водач не му треба сложен народ.


А little less човечки е да се греши, a little more човечки е да се преземе одговорност.


Луѓето се толку разумни што попрво би се откажале од нешто добро ако им изгледа предобро да биде добро за да прифатат нешто лошо што им изгледа прелошо за да биде лошо.


Сѐ што е комплицирано и нејасно е или неуспешен обид за откривање и приближување до вистината или успешен обид за криење и оддалечување од вистината.


Не ја разбирам математиката, ама ја толерирам.


Ветрињата се препиркаат кој од нас е поизветреан.



Човекот ја зазема формата на јадот во кој е ставен.


Паѓањето во животот е днострано.


Внимавај што те копка, може да пропаднеш в земја.


Совеста ме има гризено за да не земе друг да ме изеде.


Таму кај што другите гледаат проблем, ти гледај предизвик. На пример, ако животот ти е пекол, научи да жонглираш со кругови.


Ѓаволот носи proud-а.



- Каква е Стојна кога е неприсебна?
- Непристојна.


- Ама зошто, Фројде, што барал да се жени со неа?
- Мајка му ја барал!


Ќе се осиромажиш ли за мене?


Прекини да скокаш веќе преку таквото.


Ти благодарам што со твоето мислење за моето мислење за тебе ми помогна да го оформам моето мислење за тебе.


Извини што се вмешав во твоето мислење за мене.


Не само што немам ништо против, туку напротив.

Слики: Валентин Губарев

ОкоБоли главаВицФото