Кошмарот на Путин и Медведев

15.03.2011 13:44
Ноќната мора на Путин и Медведев

Уметничкиот колектив Война (Војна, на руски јазик), моментално е една од најконтроверзните појави на светската уметничка сцена. Дали причината за тоа е во фактот што целат и погодуваат во самата срж на политичкото лицемерие или дека овие млади луѓе не се стеснуваат од провокации како свое изразување, тешко е да се каже. Во секој случај, се работи за група која пред четири години беше основана од страна на студентите на московскиот универзитет, а оттогаш секое нивно движење и перформанс се наоѓа под надзорот на рускиот политички врв.

Членовите на Война делуваат меѓу политичкиот активизам и интервенционизмот, а во центарот на вниманието се најдоа откако организираа оргии во московскиот музеј за ботаника еден ден пред претседателските избори, но и со насликувањето мртовечки череп на зградата каде што се наоѓа канцеларијата на Владимир Путин. Фрлањето живи мачки врз работниците во рестораните на МекДоналдс како дел од прославата на Денот на работниците е само една од интервенциите на овој откачен колектив.

Нивниот последен проект во 2010 г. беше цртањето огромен пенис на санкпетербуршкиот мост кој, кога ќе се крене, го ориентира пенисот накај зградата на руската разузнавачка служба ФСБ. Неколку недели подоцна, активистите на Война превртуваа полициски автомобили, што доведе до апсењето на двајцата главни организатори, Леонид Николаев и Олег Воротников, под обвинение за насилничко однесување и хулиганизам. Двајцата се наоѓаа во затвор до пред неколку дена откако кауцијата од 20 000 долари за нив ја плати Banksy. Откако излегоа од затвор, Николаев, Воротников и една членка на колективот, Наталија Сокол, беа претепани од страна на полицијата додека се наоѓале на улиците на Санкт Петерсбург.

Но дека нештата често се движат по (не)предвидливи патишта покажува и примерот дека Война е номинирана за уметничката награда „Инновација“ од страна на Националниот центар за современа уметност (НЦСУ), под покровителство на рускиот министер за култура. Номинацијата следеше, иронично, за „пенисот на санктпетербуршкиот мост“. Сепак, НЦСУ моментално ја разгледува номинацијата поради, како што велат, „ненавремено евидентирање на членовите на групата кои учествуваа во акцијата на сликање на мостот“ (или со други зборови, поради немањето јасни податоци за идентитетот на членовите, НЦСУ не знае кому да ја доделу наградата). Сепак, се чини дека се работи за политичка „замка“ преку која полицијата би добила информации за идентитетот на сите членови. Толку за слободата на уметничкиот чин.

Извор: pogledaj.to

Фрлаа живи мачки?!? unlike

Фрлаа живи мачки?!? unlike

Слични содржини

Активизам / Култура / Теорија
Активизам / Уметност / Теорија
Активизам / Фотографија / Свет / Уметност / Око
Општество / Став

ОкоБоли главаВицФото