Руските уметници создаваат антипутиновски фронт

16.05.2012 11:35
Руските уметници создаваат антипутиновски фронт

Група руски уметници, по акцијата на писателите, реши оваа сабота да организира прошетка по централните московски булевари.

„За време на градската акција ’Ноќ на музејот’, од 18 до 21 часот, сите кои сакаат можат да ги видат делата од современата уметност директно на улиците на Москва“, изјави едениот од организаторите на акцијата „Скитачки музеј на современата уметност“, Јуриј Самодуров.

Акцијата е замислена така што 25 уметници ќе ги изложат своите дела на московските булевари.

„Уметниците решија да излезат од музеите и галериите, да прошетаат со своите дела и да се изразат не вербално туку визуелно за денешното време и проблеми“, изјави Самодуров.

Меѓу учесниците во акцијата се Герман Виноградов, Сергеј Јакуњин, Николај Полиски, Леонид Сохрански и Викторија Малкова. Минатата недела, во рамки на акцијата „Контролна прошетка“, заедно со илјадници приврзаници, по московските булевари прошетаа познатите писатели Борис Акуњин, Дмитриј Биков и Виктор Шендерович. Целта на акцијата беше да се провери дали може да се шета без дозвола на власта низ престолнината.

На социјалните мрежи се појави и повикот на 12 јуни, Денот на Русија, да се организира акција „Русија без Путин“.

„Тој ден на митингот и прошетката потребни се сите оние кои ги делат нашите барања – чесни избори, сменлива власт, граѓански слободи“, се вели во повикот.

Низа граѓански протести ја зафати руската престолнина, но и другите градови по парламентарните избори во декември, кога опозициските групи ја обвинија власта за кражба на гласовите.

Извор: Бета

Глупи се, треба само да му

Глупи се, треба само да му викаат: Ајдеее Владимир на изборииии!

Увек пали, жими све.

Ама што ако изгубат?

ОкоБоли главаВицФото